Hotel Vrnjačke Terme 4* се наоѓа во срцето на Врњачка Бања, на само 450 м од центарот и во близина на Јапонската градина. Комплексот има 8 базени и 4 тобогани. Базените се со термо-минерална вода со темп. од 32℃ – 36℃, 5 внатрешни и 3 надворешни. Од останатите хотелски содржини во понуда се лоби бар, ресторан, спа центар, теретана, детска игрална, две конфенциски сали за макс. 250 лица. Хотелот има вкупно 85 сместувачки единици, 69 супериор соби и 16 делукс апартмани. Сите се опремени со ТВ, сеф, мини бар, телефон, интернет, тераса. Помошен кревет е фотеља на расклопување во супериор соби или аголна гарнитура на расклопување во делукс апартманите.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel