АКАБА
Заливот се наоѓа на источната страна од Синајскиот полуостров, а на запад од Арапскиот полуостров. Со Суецкиот залив на запад, се протега од северниот дел на Црвеното Море. Акапскиот Залив е широк 24 км во најширокиот дел и се протега 160 км северно од Тиранскиот Проток, каде Израел се среќава со Египет и Јордан.
Како и крајбрежните води на Црвеното Море, заливот е едно од најдобрите места во светот за нуркање. Подрачјето е особено богато со корали и други места со значајна морска биоразновидност.
Акаба се наоѓа на југот од земјата и е најголем град на брегот на истоимениот залив и воедно единствено морско пристаниште на Јордан. Градот е една од главните туристички атракции на земјата и има статус на специјална економска зона. Познат е по топлото Црвено Море и богатиот морски свет. Температурата во текот на зимата не паѓа под 22°C, а во пролет се движи и до 30°C во мај. Должината на морскиот брег на Акаба е 27 км.
Заливот е едно од најпопуларните места за нуркање во светот — крај брегот на Ејлат годишно нуркаат 250.000 луѓе, што е 10% на приходите од туризмот во Јордан. Друго популарно место источно од северниот крај на заливот е долината Вади Рум или „Долина на Месечината“. Тука се и археолошките наоди на цивилизацијата од железно време кај Ејла во Акаба и местото каде што се одиграла битката кај Акаба во Првата светска војна предводена од Лоренс од Арабија. Секако најпозната е Петра, градот вклесан во карпите и изграден од Набатејците околу 6. век п.н.е. Благодарение на стратешки поволната положба, низ Петра поминувале караваните од југот на Арабија кои пренесувале скапоцена роба: зачини и свила од Индија, слонова коска од Африка, бисери од Црвеното Море и темјан од Јужна Арабија. 1985та година е вклучена во списокот на УНЕСКО и е едно од седумтте светски чуда.