КИПАР

ЛЕТО 2024

КИПАР

 

Кипар е островска држава во Средоземното море, четврто по големина. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.

Климата на Кипар е средоземноморска. Кипар е најтоплиот остров на Медитеранот, со околу 340 сончеви денови во годината. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Во зимата, температурата се движи од 10 и 20°C.

Со своите спектакуларни пејзажи и завидна клима, Кипар нуди магична мешавина на романтика и опуштање во предивното опкружување.  Сончани плажи, космополитски градови и луксузни хотели, планини со борови шуми и живописните села се карактеристики на овој остров. Поради атрактивната положба, помеѓу Европа, Азија и Африка, една е од најпопуларните туристички дестинации на Средоземното море. Сите што го посетиле го опишуваат како магична земја на пријатни домаќини, која има што да понуди. Од скриените ували, песочните плажи, луксузните хотели, секој дел на морскиот брег е единствен на свој начин.

Лимасол е втор по големина град на Кипар и најголемо туристичко место на островот. Благодарејќи на пријатната клима, гостопримството и развијената туристичка инфраструктура се здобил со назив „Кипарска ривијера„. Изобилува со луксузните хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови и дискотеки, како и продавници. По должината на старото пристаниште се протега шеталиштето. Идеална е појдовна точка за обиколка на островот.

Пафос е модерен туристички центар со преубави плажи, волшебен поглед на залив, како и многубројни историски локалитети и средновековна тврдина. Сместен е на западниот дел на островот и составен од два дела, стариот и новиот дел на градот. Според легендата, божицата на убавината и љубовта, Афродита изронила од морската пена во близина на Пафос, па секој што ќе се искапи во овие води ќе доживее промена, жените ќе се подмладат и разубават, а мажите ќе станат силни и храбри. Пристаништето изградено од Александар Велики, кралската гробница, тврдината, етнографскиот музеј, многубројните цркви и манастири чинат широк спектар на понуди за обиколка, а во склоп на содржините на ова туристичко место се и многубројните ресторани, барови и кафетерии, како и широк спектар на сместувачките објекти. Пафос се препорачува на оние кои сакаат одмор исполнет со содржини. Брегот е воглавно карпест, но има и преубави песочни плажи. Најубава песочна плажа е Coral Bai, која ја обожуваат сурферите, Lara, каде можете да сретнете и морските зелени желки и која е прогласена за национален парк, Geroskipou, опремена со сите содржини. Секако посетете го и аквапаркот Афродита, на 35000 км² и акваријумот.

Ларнака е трет град по големина, сместен на југоисточниот дел на островот. Модерен град настанат на руините на стариот град-држава Китион, поморско и трговско пристаниште и стратешка точка на феничаните. Во близина е соленото езеро Алики, зимувалиште на фламингоси, а духот на старите антички времиња се чувствува во целиот град. Тврдината, црквата на Св. Лазар, 3 џамии, археолошки музеј се само дел од богатото историско наследство на градот. Во близина на Ларнака се одлични песочни плажи.

Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и предивни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица„, за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови, дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекидно, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach /долга 1 км/ и Nissi Beach /долга 2 км/.  За само неколку мин. со автобус или такси можете да стигнете до местото Протарас, кое нуди мирна и опуштена атмосфера.

CHRYSOMARE BEACH Hotel & Resort ***** – Ayia Napa, Kipar

This brand new deluxe luxury 5 star Chrysomare Beach Hotel & Resort is enviable set on a prime beachfront location overlooking the Mediterranean sea. It is situated on the famous golden sandy Beach...

TASIA MARIS SANDS Hotel *** – Ayia Napa, Kipar

With a stunning location, right on the Sandy Beach or Vathia Gonia as known to the locals, 20 minutes’ walk away from the center of Ayia Napa, this Adults only hotel, is ideal for these seeking a serene and relaxing environment by the beach...

NISSIANA Hotel & Bungalows *** – Ayia Napa, Kipar

The modern 3* Nissiana Hotel & Bungalows located in the Nissi Bay area, just 150m from the famous Nissi beach, the most beautiful white sandy beach in Ayia Napa and about 25 minutes walking distance from the centre of the resort. ...

Hotel BELLINI *** – Ayia Napa, Kipar

Целосно реновиран, Bellini Hotel *** Ayia Napa нуди сместување на авенијата Nissi, во срцето на Аја Напа. Располага со студија и соби сместени околу базен, бар и ресторан. Плажите ...

VASSOS NISSI PLAGE **** – Ayia Napa, Kipar

This brand new hotel overlooks one most popular beaches in Europe, Nissi Beach. With a two minute walk to the beach and a fifteen minute walk in to town it is ideally placed. On the way ...

TASIA MARIS BEACH Hotel & Spa **** – Ayia Napa, Kipar

Tasia Maris Beach Hotel & Spa is an adults only Hotel, ideally located on the famous Nissi Avenue and directly on the blue flag, crystal clear Sandy Beach in cosmopolitan Ayia Napa. ...

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel