ТАРА

ЗИМА 2021 / 2022

ТАРА

 

Планина Тара припаѓа на ланецот на Старовлашките планини. Се наоѓа на крајниот запад на Србија, опфаќајки подрачје ограничено со текот на реката Дрина, Вишеград и Бајина Башта. Во најтесниот дел на масивот сместена е планината Звијезда, која е од Тара природно одделена со клисурата на Дервента. Според надморските височини, Тара спаѓа во средно високи планини, со највисокиот врв на Националниот парк Козји рид – 1.591 метри, а највисокиот врв на планината Тара е Збориште со свои 1.544 метри.

Националниот парк Тара со Паркот на природата Шарган – Мокра Гора, Паркот на природата Златибор и Националниот парк Дрина во Република Српска (БиХ) е предвиден за потенцијален прекуграничен резерват на биосферата во оквирот на УНЕСКО-вата програма “Човекот и биосферата”.

Ова е типично шумско подрачје, а по сочуваноста и разновидноста на шумските екосистеми, спаѓа во најбогатите и највредните шумски подрачја на Европа. На Тара доминираат мешовитите шуми на смрча, ела и бука. Особена вредност и значај има Панчиќева оморика (Picea omorikа), ендемичната и реликтната врста, која успеала да преживи последно ледено доба.

На подрачјето на паркот се наоѓаат бројни археолошки локалитети и споменици на културата кои датираат од неолит па до современо доба. Најзначаен споменик е манастирот Рача, задужбина на кралот Драгутин од 13. век, кој е еден од најзначајните центри на српската средновековна писменост. Тука се и средновековните некрополи со стеќците во Растиште и Перуќац кои се ставени на листата на УНЕСКО, како дел од светското културно богатство.

ZEPTER Hotel DRINA *** – Bajina Bašta

Модерен хотел Дрина е сместен во самиот центар на Бајина Башта, во пешачката зона и непосредна близина на реката Дрина, по која и го добил името. Зградата се наоѓа помешу двете главни улици, ушушкана ...

Распродадено

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel