Hotel Tonanti ***** - Vrnjacka Banja

WELLNESS & SPA СРБИЈА

Услуга

услуга HВ

Локација

Во центар

Srbija

Vrnjacka Banja

Hotel Tonanti е еден од најлуксузните хотели оваа регија. Лоциран во строгиот центар на Врњачка Бања, во непосредна близина на паркот. Во понуда се 146 сместувачки единици, опремени според најсовремените стандарди. Надворешните ѕидови од стакло овозможуваат панорамски поглед на бањскиот парк. Собите се од 25 м2 – 35 м2, сите непушачки (освен собите со балкон, каде е дозволено пушење, исклучиво на балкон). Од содржините тука се два ресторани, пансионски и a la carte, лоби бар и бар во аква зоната. Услугата е на база полупансион, на шведска маса (појадок е од 07:30-10:30 а вечера од 18:30-21:30). Во пансионскиот ресторан во понуда се и веган бар, паста бар и сендвич бар. Аква зоната ја чинат базените, две џакузија и разновидни водени атракции. Внатрешниот базен, со површина од 300 м2, споен е со отворените базени, еден голем од 600 м2, со водопад и детски со површина од 50 м2. Спа центарот нуди три сауни, солена соба, ледена соба, парна бања, пловечка када и четири простории за масажа. Спа центарот е споен со зоната за опуштање, која е целата во стакло и свртена кон паркот. Hotel Tonanti е единствен хотел во Србија со хипербарична комора, каде и на болните и на здравите се нуди вдишување на чистиот кислород под притисок поголем од атмосферскиот. На располагање се фризер, маникир, педикир, шминкер и козметичар, како и теретана. За најмалите освен базенот, во понуда се две игрални (за возраст од 0-3 и 4-8 години) со тимот на аниматори и секојдневни едукативно-креативнo-забавни програми. Во понуда се и три конференциски сали со најсовремена опрема. Најголемата сала е со 300 места и две помали со 80 и 35 места. 

Побарајте понуда на:

070 399 359 /10-18 ч/

070 279 395 /10-18 ч/

artoftravel.mk@gmail.com

СЛИКИ И УСЛОВИ

За валидна резервација потребна е уплата од мин. 40%. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 20 дена пред пристигнување. Плаќањето е во денари по курс 1 еур=62 ден

Барање за резервација

Слични понуди

AVRA – Polihrono, Kassandra

SIMANTRO Resort *****– Akti Sani, Kassandra

ACHILEAS – Hanioti, Kassandra

ASTERIOS – Hanioti, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel