Dimitris House - Platamona, Pieria

ЛЕТО 2024

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

120 метри

Грција

Олимпска регија>Платамона

12% ПОПУСТ ЗА 100% УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 05.04.2024

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Куќата Димитрис се наоѓа на само 120 метри од плажата. Располага со убаво уредени трикреветни и четирикреветни студија. Сите сместувачки единици имаат купатило, опремена кујна, ТВ, тераса. Користење на клима уредот, сигнал за бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира и сет пешкири по смена, се вклучени во цената. Објектот се наоѓа во мирен дел опкружен со зеленило и со двор од преку 3.000м2. Поседува и сопствен паркинг. Во градината  има опрема за скара, која е достапна за гостите, каде што има и трпезарија на отворено, летниковци и бесплатни лежалки на тревникот. Објектот е со години омилена дестинација на Македонците.

Туристичката такса се плаќа во агенција при резервација  и истата изнесува 0,50 евра на ден по сместувачка единица!

 

1/3 Студија број 32, 34 и 36 – Втор кат – голема зграда

Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен, купатило со туш и сушара. Овие студија гледаат кон задниот дел на куќата и имаат помали тераси опремени со маси и столови.

1/3 Студија број 24, 25, 26 и 29 – голема зграда

Располагаат со брачен кревет + 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен, купатило со када и сушара.

Студиото број  24 се наоѓа на приземје и има своја тераса опремена со маса и столови и гледа кон дворот на куќата.

Студијата со број 25, 26 и 29 се на прв кат. Број 29 има своја тераса, а 25 и 26 имаат заедничка тераса. Опремени се со маси и столови и гледаат кон влезот на каќата.

 

1/3 Студија број 31, 33, 35, 37 и 38 – Втор кат – голема зграда.

Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен, купатило со туш и сушара.

Студијата 31, 33 и 35 гледаат кон патот кој води кон градината на куќата и имаат поголеми тераси опремени со маси и столови.

Студијата 37 и 38 гледаат кон влезот на куќата и имаат најголеми тераси опремени со маси и столови.

 

1/3+1 Студија број 22, 23, 27 и 28 – голема зграда.

Располагаат со брачен кревет, 1 стандарден единечен кревет + софа на извлекување.

Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен, купатило со када и сушара.

Студијата број 22 и 23 се наоѓаат на приземје, имаат сопствена тераса со маса и столови и гледаат кон дворот, број 27 и 28 се наоѓаат на прв кат, имаат своја тераса со маси и столови и гледаат кон дворот на куќата.

 

1/3 студија 39 и 40 – Приземје – мала зграда

Располагаат со брачен кревет+ 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат нова кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен, купатило со када и сушара. Имаат сопствена трем – тераса која гледа кон дворот на куќата.

 

1/4 Студија број 41 и 42 – Прв кат – мала зграда

Располагаат со брачен кревет + 2 единечни стандардни кревети. Студијата имаат нова кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен, купатило со туш и сушара. Имаат сопствена тераса опремена со маса и столови која гледа кон дворот на каќата.

 

40.01591, 22.58926

СЛИКИ И УСЛОВИ

Напомени и услови:

·        ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА (Сабота- Сабота), според бројот на кревети во истото, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:

–        За возрасни 3.100 мкд (50 евра), еден правец 2.480 мкд (40 евра)

–        За деца до 12 години 2.480 мкд (40 евра), еден правец 2.170 мкд (35евра)

–        Децадо 1,99годинибесплатно, безседиште.

Во студио е дозволено сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
·        Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 0,50 евра на ден по студио.

·        Користење на клима уредот, сигнал за бежичен интернет (wi-fi) и сет пешкир и по смена се вклучени во цената.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1евро = 62мкд).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra, first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник,  немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши до наведениот датум за рана уплата, а најдоцна до 15 дена пред терминот на поаѓање, за резервации без попуст.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите гости. По завршувањето на престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Организаторот НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување. Недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 

Можеби ќе Ви се допадне

LAGOMANDRA BEACH Hotel **** – Akti Lagomandra, Sithonia

IRIS – Stavros, Strimonikos

TEANO I i II – Sarti, Sitonija

AGNES Deluxe Hotel *** – Pefkohori, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel