ВРАХОС

ЛЕТО 2024

ВРАХОС

 

Оддалечено е 30 км од Игуменица – Loutsa, односно Vrachos – две места споени со една плажа. Она што освојува на прв поглед е плажата, тиркизното синило на Јонското море никој не го остава рамнодушен. Vrahos настанал на почеток на 80-тите години кога грчите гастарбајтери од соседното село почнале да се враќаат и решиле заработените пари да вложат во туризам. Сите градби се наменети само за туризам и одмор (ресторани, кафетерии, сместувачките капацитети). Сепак, она по што е специфично местото е фактот дека се понекогаш присатни бранови кои можат да бидат и прилично високи, но не се секојдневни, а плажата ја краси ситна песок. Местото е доста изградено но сеуште младо во туристичка смисла и недоволно развиено, па се препорачува на оние кои сакаат мирен одмор и сеуште приступачни цени за сместување. Во местото има една пекарница, продавница на сувенири, неколку кафетерии и таверни по должината на шеталиштето, 3 маркети. Најблизок доктор е во Парга и доаѓа на повик а доколку ви се потребни некои од најосновните лекарства ги има во еден од маркетите. Шеталиштето е убаво со палми и цвеќе и осветлено во вечерните часови.

Главен адут на местото е пространата, преубавата песочната плажа, долга 3.5 km, една од најубавите во Јонскиот регион. Лежалките и чадорите за сонце се користат со конзумација на пијалок. Нема гужва на плажата, дури ни во екот на сезоната. На плажата има и тушеви и кабини за пресоблекување, а температурата на водата е повисока него во Парга. Водата е тиркизно сина, проѕирна и чиста, а плиткиот влез е долг, песокта мека, добро се одржува, a зајдисонцата се преубави. Аква паркот во Канали е оддалечен 25 km. Можете да ги посетите и околните плажи Alonaki Fanariou – оддалечена 5 km, плажа Ligia на 3 km или плажа Kanali оддалечена 20-тина km, плажа  Ammoudia е оддалечена околу 15 km а и плажите Skala или Amoni се во близина. Убави се и Ormos Odisseas или Kerentza, (заливот на Одисеј).

Доколку сакате одмор со уживање на преубава плажа, а да обиколите плажи на Лефкада, Парга, Сивота и Превеза, со сигурност нема да се покаете доколку го одберете Врахос за летување.

РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА

VRAHOS BEACH – Vrahos, Ionian coast

VRAHOS BEACH - Куќата се наоѓа во централниот дел од плажата во Врахос на 50 метри од плажа. Располага со трикреветни полуапартмани на високо приземје (сите се со 3 единечни кревети ...

SEA VIEW Apartments – Vrahos, Ionian coast

Sea View Apartments се наоѓаат во прв ред на плажа. Пред неа има бич бар со лежалки (кои се користат со пијалок или закуска). Сите апартмани имаат спална соба со еден брачен ...

FILOXENIA – Vrahos, Ionian coast

ФИЛОКСЕНИЈА се наоѓа во крајниот дел од плажата во Врахос, во помирен дел. Оддалечена е 50 метри од плажа, сместена во прекрасен двор со природни сенки од маслинови дрвја, со лулашки за деца. ...

IRINI – Vrahos, Ionian coast

IRINI - куќата се наоѓа на самата плажа и нуди сѐ што може апартманското сместување да понуди. Куќата има сопствена плажа, базен, паркинг, бар, катче за деца, wi-fi, за чија брзина агенцијата не може да гарантира… Располага ...

VELISSARIOS – Vrahos, Ionian coast

Куќата Велирасиос се наоѓа во Врахос на помалку од 50 метри оддалеченост од плажа. Вилата е изолирана од бука, опкружена е со зеленило,и преполн двор со цвеќиња и дрва. Велисариос е една од постарите сместувачки капацитети во Врахос..

IONIAN VIEW – Vrahos, Ionian coast

Вила Ionion View се наоѓа во Врахос на 90 метри оддалеченост од плажа. Нуди прекрасен поглед на Јонското море. Располага со трокреветни студија (еден дупли и еден единечен кревет) и апартман со една спална (еден дупли кревет, ...

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel