LAST MINUTE ЗА ТЕРМИНOТ 14.06.2024:
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
LAST MINUTE ЗА ТЕРМИНOТ 14.06.2024:
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
KATERINA GARDEN House се наоѓа во централниот дел на Лептокарија, во мирен дел, на околу 70 м од плажата и околу 100м од центарот, веднаш спроти хотелот Dafni plus. Располага убав двор со летниковец (без скара!) и со комфорни трикреветни и четирикреветни студија, на приземје, секое има по 2 тераси, едната со поглед кон дворот, другата на мирната улица. Сите сместувачки единици имаат основно опремена чајна кујна, со врата одвоена од делот каде се креветите, купатило, ТВ, 2 тераси со гарнитура за седење и клима уред чие користење се доплаќа на лице место. Промената на постелнината е на половина од смената. Во сместувачките единици нема пешкири. Има бежичен WI–FI интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Објектот нема сопствен паркинг.
ОПИС:
1/3 СТУДИО во една просторија чајна кујна и 1 брачен и 1 единечен кревет или 3 единечни кревети
1/4 СТУДИО во една просторија чајна кујна и 1 брачен и 2 единечни кревети
*GPS координати: 40.05966742301813, 22.567455371599113
*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!
*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден
За резервација без попуст потребна е уплата од 50% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација или 50% од сумата, во зависност од висината на попустот.
Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!
За валидна резервација потребни се следните податоци:
· Име и презиме (како што е во пасошот) од сите патници
· Датуми на раѓање на сите патници
· Контакт телефон
· Е-маил адреса (доколку ја поседувате)
· Адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)
Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија – примерок го предавате на претставникот на дестинацијата. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот телефонски како би ве регистрирал.
Такса за престој, во висина од 1,5 евро по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место, на претставникот или сопствениците на објектот и не подлежи на попусти!
НАПОМЕНИ:
• Во собите се влегува од 15:00 часот (постои можност за порано влегување, доколку е исчистено и спремно), а се напуштаат до 09:00 часот по локално време
• По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може.
НАПОМЕНИ:
– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.
– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секое оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.
– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-200 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или метална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.
– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.
– Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.
– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.
– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.
– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.
– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel