Grand Zivanovic House - Olympic Beach, Pieria

ЛЕТО 2024

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

150 m

Грција

Олимпска Регија>Олимпик Бич

GRAND ZIVANOVIC – Куќата се наоѓа во мирната улица на Олимпик Бич, на 150 метри од плажа. Поседува двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија и четворокреветни апартмани, кои се наоѓаат на приземје, прв или трет кат. Сместувачките единици на приземје и втор кат се реновирани. Куќата има лиф. Сите сместувачки единици имаат опремена кујна, купатило, тераса, ТВ, бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира и клима уред со доплата на лице место. Куќата поседува и базен, кој е на располагање на гостите од 11-14 ч, рецепција, лоби, двор кој е одличен за дружење со останатите гости. Во непосредна близина е јавен паркинг.

СЛИКИ И УСЛОВИ

*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!

*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден

 

За резервација без попуст потребна е уплата од 50% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.

За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација или 50% од сумата, во зависност од висината на попустот.

Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!

 

За валидна резервација потребни се следните податоци:

–         Име и презиме (како што е во пасошот) од сите патници

–         Датуми на раѓање на сите патници

–         Контакт телефон

–         Е-маил адреса (доколку ја поседувате)

–         Адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)

 

Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмо, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија – примерок го предавате на претставникот на дестинацијата. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот телефонски како би ве регистрирал и ви кажал во кој број на сместувачка единица да влезете.

 

Такса за престој, во висина од 0,5 евро по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место пред влегување во објектот. Подлежи на измени!

 

НАПОМЕНИ:

• Во собите се влегува од 16:00 часот (постои можност за порано влегување, доколку е исчистено), а се напуштаат до 09:00 часот

• Патниците влегуваат во исчистени и спремни соби. За време на престојот сами се грижат за хигиената собите. Сместувачките единици не се опремени со пешкири (освен каде што е наведено), тоалет папир и средства за хигиена. Во сите сместувачки единици промена на постелнината се врши еднаш во текот на престојот.

• Димензиите на креветите во Грција се со поинакви стандарди од нашите, нормален кревет е со широчина од 75 – 90 cm, а француски (за 2 лица) 110 – 140 cm.

• Во некои објекти третиот и четвртиот кревет може да се помошни, со димензии и изглед различен од стандардниот, може да е фотеља, софа на развлекување или класичен кревет.

• PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет.

• Описите на куќите се од информативен карактер. За евентуалните отстапувања и квалитетот на услугите во склоп на сместувачкиот објект организаторот не е одговорен

• Дополнителни содржини во објектите се достапни со доплата (нпр. сеф, сауна, паркинг, ТВ, клима…)

• Сликите од објектите, поради разновидната структура се одбрани по случаен избор и не значат дека секоја соба, купатило или кујна изгледаат исто.

• Агенцијата не може да го гарантира квалитетот на интернетот на грчките оператори

 

Сите објекти се стандардизирани од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата во која се наоѓаат.

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

• Промена на датумите, како и промена на сместувањето, ќе се третира како откажување на резервацијата.

• Трошоците за промена на име на веќе потврдени резервации се наплаќа 10 еур по резервација.

• Организаторот не гарантира кат, поглед, број на сместувачката единица, доколку тоа не е наведено во ценовникот.

• На дополнителните услуги (доплата за клима, полупансион и сл.), наведени во ценовникот, не се пресметуваат попусти.

• Во објектите каде што е нагласена можноста за користење на бежичен интернет, организаторот не го гарантира квалитетот и брзината на интернет конекцијата.

Цената е гарантирана само за уплатениот износ. Неплатениот дел подлежи на евентуални промени.

Ваучерот се добива 5-7 дена пред почетокот на патување.

Во случај кога цената е редовна (без попуст за рана уплата, специјална понуда или ласт минит понуда), за валидна резервација се смета уплата од минимум 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа минимум 30 дена пред поаѓање.

• Клиентите се должни да ги прочитаат сите овие напомени, како и Општите услови на патување и со потпис на договорот ја даваат својата согласност.

 

За влез во Р. Грција пасошот треба да е со важност мин. 3 месеци од денот на враќање. Ве молиме истите да ги проверите пред уплата на резервација! Агенцијата не е одговорна за невалидни и истечени патни документи на сите наведени лица од потпишаниот договор, и нема да се смета за основ за откажување на резервацијата!

Патничко здравствено осигурување е препорачано да го имате за патување во странство. Информациите околку тип, цена и сл. можете да ги добиете директно во агенција.

Можеби ќе Ви се допадне

ASTERIOS – Hanioti, Kassandra

PRAKSITELIS – Nikiana, Lefkada

MARINA (ex. Apostolos) – Sarti, Sithonia

KEFALUKA Resort ***** – Bodrum

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel