15% попуст на вонсезонски и 20% попуст на сезонски цени за уплата на 30% аванс со резервација до 31.12.2024 и целосна доплата до 03.02.2025
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
15% попуст на вонсезонски и 20% попуст на сезонски цени за уплата на 30% аванс со резервација до 31.12.2024 и целосна доплата до 03.02.2025
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
Куќа Макис е лоцирана на главната улица кај фудбалското игралиште во Неа Флогита, на само 50 метри од прекрасната плажа и 100 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца. Располагаме со 3 четирикреветни високо квалитетни мезонети на високо приземје кои имаат поглед море. Секој апартман располага со комплетно опремена реновирана кујна, ТВ, сопствени тоалети, Wi-Fi и клима уред вклучени во цената, сопствени тераси и одличен нов мебел. Паркингот е обезбеден пред куќата. Во близина на куќата има пазар на 70 метри, пекара на само 20 метри додека најблискиот голем супер маркет е оддалечен на најмногу 50 метри.
1/4 мезонет бр. 1 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
1/4 мезонет бр. 2 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
1/4 мезонет бр. 3 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
40.256969, 23.223039
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ :
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА ДУПЛЕКС АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
– За возрасни3.100 мкд. (50евра), еденп равец 2.480мкд. (40евра)
– За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра)
– Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ
Во вонсезонските цени во дуплекс апартман плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
Во дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете под 6 години во кревет со возрасен.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, напромотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по патна ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио / апартман.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel