LAST MINUTE – 23.08-02.09.2023
– 1/3 STD – 410 €
За плаќање со картичка попустот се намалува за 2%
LAST MINUTE – 23.08-02.09.2023
– 1/3 STD – 410 €
За плаќање со картичка попустот се намалува за 2%
MATULA 1 се наоѓа во мирно опкружување во централниот дел на Лептокарија, на околу 100м од плажата, веднаш до хотелот Дафни Плус. Во понуда се 1/2, 1/3, 1/4 и 1/5 студија на вториот и третиот кат. Сите студија имаат основно опремена чајна кујна, купатило, пространа тераса со гарнитура за седење, ЛЦД ТВ. Ширината на брачните кревети е 130см. Едно од студијата има кујна, која се наоѓа на терасата (ограден дел од терасата), што не влијае на комфорот на самата тераса. Исто така студиото на третиот кат е со косините кои не влијаат на комфорот во истото. Во секое студио има клима уред, чие користење е вклучено во цената. Промената на постелнината е на половина од смената. Во студијата нема пешкири. Има бежичен WI–FI интернет од 01.јуни и за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Објектот нема сопствен паркинг.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден
ОПИС:
1/2 СТУДИО
во една просторија чајна кујна и 1 брачен или 2 единечни кревети
1/3 СТУДИО
во една просторија чајна кујна и 1 брачен и 1 единечен кревет
1/4 СТУДИО
во една просторија чајна кујна и 2 брачни кревети
НАПОМЕНИ:
– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.
– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.
– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-200 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.
– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.
– Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.
– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.
– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.
– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.
Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.
– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel