Villas Yagoda & Malina *** - Borovets

ЗИМА 2020 / 2021 БОРОВЕЦ

Услуга

услуга наем
можност за доплата на
појадок и вечера

Локација

2 km од центар на Боровец

Bugarija

Borovec

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И УПЛАТА ДО 01.12.2020

7=6 ГРАТИС НОЌ ВО ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ ОД 04.01 – 31.03.2021

НЕ Е ДОЗВОЛЕНА КОМБИНАЦИЈА НА ПОПУСТИТЕ

Yagoda Villas се сместени на 2 km (околу 30 мин. пешачење) од центарот на Боровец. Вилите се опкружени со борови дрвја и погодни се како за фамилии, така и за групи пријатели. Отворени се за гостите преку цела година. Сите се опремени со чајна кујна, а некој имаат сауна. Сите имаат тераси со гарнитуди за седење и купатило со туш. Вкупно се 40: 13 luxury villas, 10 со сауна, 17 стандардни. Погодни се за сместување до 4 лица (со опција на дополително помошно легло или бебешко креветче).  Од останатите активности во понуда се пинг-понг, фудбал, ракомет, одбојка, кошарка и бадминтон, детски игралишта, велосипеди и ролерки за рентање, сауна, паркинг. YAGODA вилите се тип на студио со дневна соба со брачен и 2 единечни легла, делот за седење, гардеробер и TV и Wi-Fi, спална со 2 кревети на кат, комфорни за возрасни или деца, кујна со рерна, фрижидер и лавабо, опремена со основни садови за готвење и јадење, купатило со туш, тераса со клупа и масичка, 10 вили имаат и сопствена сауна. Комплексот има и ресторан со традиционални јадења.

 

Malina Villas се сместени во близина на Yagoda Villas и исто опкружени со борова шума, на 2 km од центарот на Боровец. Попогдна е за поголеми семејства и друштва, затоа што имаат по две спални. Malina Villas се 28 комфорни, дрвени двоспални куќички, од кои 24 стандардни и 4 луксузно опремени. Погодни се за сместување до 6 лица (со опција на дополнителни 1 или 2 легла на прв кат). Гостите на Малина можат да го користат ресторанот на Јагода, кој што е на само 100 м оддалечен. Гостите имаат и бесплатен паркинг. Вилите имаат дневна соба со кревет, делот за седење, гардеробер, TV и Wi-Fi, 2 спални на кат, кујна основно опремена со садови за готвење и јадење, купатило со туш, тераса со клупа и масичка.

 

*Во двата комплекси се дозволени домашни миленици, со најава и доплата.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Цената вклучува

1 ноќевање за наем на сместувачка единица, паркинг

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа според условите за рана уплата, а најдоцна 21 ден пред поаѓање. Плаќањето е во денарска противвредност по КУРС 1 ЕУР = 62 МКД.

 

Туристичка такса 1 еур по лице/ноќ

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel