Ruskovets Thermal Spa Hotel **** - Dobriniste

WELLNESS & SPA БУГАРИЈА

Услуга

BB / HВ

Локација

6 км од Банско

Bugarija

Dobriniste

Ruskovets Thermal SPA & Ski Resort е модерен хотелски комплекс лоциран во с. Добриниште, на само 6 km од Банско. Сместен е на падините на Пирин планина, во преубаво зелено опкружување, со специфичен архитектонски изглед и Спа центар со термална вода од сопствен извор. Бежичниот интернет е достапен на целата површина на хотелот.

Сите сместувачки единици се климатизирани и опремени со ТВ, фрижидер и ел. бокал, балкон, а вилите со тераси со панорамски поглед на планината, камин и загреана ски остава. Бесплатен паркинг е достапен за гостите на хотелот.

Спа центар нуди внатрешни базени, сауна, парна бања, kneipp клупа и теретана. На надворешната панорамска тераса се и 2 надворешни џакузија со лежалки и чадори. Во понуда се и јапонската масажа и терапии, со доплата.

Ruskovets Thermal SPA & Ski Resort нуди анимација за најмладите, детско игралиште и детски клуб. Во ресторанот се достапни и столчињата за најмладите. Ресторанот нуди јадења од еко производи од регионот, а специјалните диетални менија се достапни на барање.

Хотелот нуди ски остава и бесплатен трансфер до ски лифтот во Банско и Добриниште.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Цената вклучува: 

1 ноќевање по соба /редовни легла/ на услуга ноќевање со појадок, користење на внатрешен базен со минерална вода, детски базен, 2 парни бањи, сауна, кнајп патека, 2 надворешни минерални џакузија, детски клуб, бежичен интернет, трансфер до ски лифтот во Банско /распоред на рецепција/

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума во денарска противвредност, по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

Apart – Hotel Petridis – Pefkohori, Kassandra

FINIKAS GARDEN – Nikiti, Sithonia

Anastasia Maria – Polihrono, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel