Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
10. февруари (сабота) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 05:15 часот. Полетување за Венеција во 06:45 и слетување во 08:30 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот. Организиран разглед на Венеција: плоштадот Сан Марко со базиликата, Дуждевата палата, ренесансната Саат-кула, мостот на воздишките… Враќање во хотелот и сместување. Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.
11. февруари (недела) МУРАНО – БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај каналот Гранде и мостот Риалто во Венеција, покрај ревиите со карневалски костими на плоштадот Сан Марко. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет… Ноќевање.
12. февруари (понеделник) ВЕРОНА
Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: плоштадите Бра, Ербе и Данте, куќата на Јулија, амфитеатарот… Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
13. февруари (вторник) ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до аеродромот во Венеција. Полетување за Скопје во 15:20 и слетување во 17:00 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 333 евра (20.650 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје-Венеција-Скопје со вклучени аеродромски такси
– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm со максимум 10 кг)
– Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно
– Сместување во Хотел Lugano 4* (www.hotellugano.it/en) во Венеција/ Местре со 3 ноќевања со појадок
– Разглед на Венеција
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg)
– Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg
– Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 50 евра
– Посета на Верона 50 евра
– Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра)
– Патничко – здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Цената важи за плаќање во готово или на фактура!
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel