15% ПОПУСТ ЗА СМЕНАТА ОД 09.07-19.07.2023 – 1/3 АПАРТМАН БОЧНО МОРЕ, 1/4 АПАРТМАН БОЧНО МОРЕ
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
15% ПОПУСТ ЗА СМЕНАТА ОД 09.07-19.07.2023 – 1/3 АПАРТМАН БОЧНО МОРЕ, 1/4 АПАРТМАН БОЧНО МОРЕ
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
Aparthotel Pandora се наоѓа во најубавиот дел на Псакудија, на само 90m од морето, на благо возвишение, преку магистралата. Местоположбата на поголем број на студија и апартмани овозможува преубав поглед на море. Студијата и апартманите се наоѓаат на прв и втор кат. Сите имаат сателитска ТВ, бесплатен бежичен интернет и клима уред чие користење е вклучено во цената. Како апартмански дел од хотелот Melissa Gold Coast (оддалечен 450m) на своите гости им нуди бројни содржини, како што се користење на базенот, лежалки и чадори на плажа и базенот со конзумација на пијалок, детска игрална со професионални аниматори каде што можете да ги оставите децата со надокнада од 5 еур (цената вклучува сок или вода, крофна, сладолед или пуканки).
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден
За резервација без попуст потребна е уплата од 40% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
Такса за престој, во висина од 0,5 евро по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место пред влегување во објектот.
*ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.01.2023 НАМЕСТО ПОПУСТ МОЖНА Е ЗАМЕНА ЗА ГРАТИС ОДМОР ИЛИ ОДМОР СО 50% ПОПУСТ ОД 10. – 20. МАЈ!
За комплетна уплата со резервација, постои можност за замена на попустот за сместување во терминот од 10. – 20.05.2023, и тоа:
– за комплетна уплата со резервација за престој во термините со почеток од 20.05. – 12.06. и 28.08. – 24.09., се одобрува попуст од 50% на цената на наемот за избраното сместување
– за комплетна уплата со резервација за престој во термините со почеток од 13.06. – 27.08., се одобрува ГРАТИС сместување за соодветниот број на лица, во периодот од 10. – 20.05., во објект по избор на организаторот. Објектот се одредува 7 – 10 дена пред почетокот на патувањето.
Политика на откажување на резервацијата од страна на патникот:
До 45 дена пред поаѓање – административни трошоци во висина од 5%
44 – 30 дена пред поаѓање 10%
29 – 20 дена пред поаѓање 20%
19 – 15 дена пред поаѓање 40%
14 – 10 дена пред поаѓање 80%
9 – 6 дена пред поаѓање 90
5 – 0 дена пред поаѓање или во текот на престој 100%
Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.
За секоја извршена промена на податок во договорот за патување се наплаќа административна такса во висина од 10 ЕУР!
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel