Domina Coral Bay Resort **** - Sharm el Sheikh

ЗИМА 2024 / 2025 - АВИО ОД СОФИЈА

УСЛУГА

All inclusive

Оддалеченост од плажа

На плажа

Египет

Шарм ел Шеик>Хотели

Domina Coral Bey Resort 5* Ова е најголемиот комплекс на територијата на Шарм Ел Шеик со површина од над 1.000.000 кв.м распоредени во 6 области. Движењето е со колички. Нашите туристи престојуваат во населбата Оазис или Бела Виста во стандардни соби, од кои 90% имаат поглед на море или базен. Сместувањето на дете или трет возрасен е на софа кревет. 

Мини бар се полни со пијалоци еднаш, а потоа само со вода секојдневно. Бесплатен Wi-Fi на целата територија. Хотелот нуди анимација и богата шоу програма на италијански и руски јазик. На територијата на хотелот има ветеринарен центар, медицински центар, многу продавници и аптека. Хотелот располага со огромен Спа центар, солено езеро, базени со морска вода. Плажата – широка песочна со понтони, има убав корален гребен. 

Ова одморалиште покрај плажа нуди 1.800 метри песочна плажа. Хотелот располага со луксузно сместување, 7 надворешни базени, 3 главни ресторани, 8 a la carte ресторани, 12 барови, 7 надворешни базени. Сите соби и апартмани се модерно опремени и имаат ТВ и балкон со поглед на базен или море. Приватните бањи имаат туш, фен и бањарки. Дополнителните погодности вклучуваат фитнес центар и целосно опремен Еликсир Спа центар. Naama Bay е на 5 км и Шарм ел Шеик аеродром е на 7 километри.

Термин на поаѓање: 26.12.2024

 

Цените за пакет аранжман се движат од:

стандардна соба поглед базен од 885 еур по лице

Макс. капацитет 3 возрасни или 2 возарсни + 1 дете до неполни 14 год.

стандардна соба поглед море или градина од 1030 еур по лице

Макс. капацитет 3 возрасни или 2 возрасни + 2 деца до неполни 6 год. или 1 до неполни 14 год.

Џуниор суит од 1085 еур по лице

Макс. капацитет 3 возрасни или 2 возрасни + 2 деца до неполни 6 год. или 1 до неполни 14 год.

 

Задолжителна доплата на новогодишна вечера 135 еур по лице / дете 70 еур

 

Цената вклучува:

– Авио билет со чекиран багаж 20 kg/ 5 kg рачен багаж со авиокомпанија European Air Charter
– 7 ноќевања на база All Inclusive 
– 3 главни ресторани
– 8 a la carte ресторани
– 12 барови
– 7 надворешни базени
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Претставник на тур-оператор

СЛИКИ И УСЛОВИ

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:                                                                                                                                              

– Египетска виза 25 $ – се плаќа на влез во Египет

– Такса за гориво /задолжителна доплата/. Се објавува 21 ден пред поаѓање од страна на авио компанијата. *Само во случај на зголемувањето на цената на горивото!

ЗА ВАЛИДНА РЕЗЕРВАЦИЈА Е ПОТРЕБНА 50% УПЛАТА во готово или на сметка на Арт оф Травел. Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање. Плаќањето е во денари по курс 1 еур=62 ден.

Документите се издаваат 5 дена пред поаѓање!

 

Ред на летање (подложно на измени):

Софија – Шарм Ел Шеик – 15:30 – 17:30 часот (по локално време)
Шарм Ел Шеик – Софија – 18:30 – 23:00 часот (по локално време)

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:

31+ денa пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.

 

 

Факултативни излети:

Разглед на Шарм Ел Шеик / возрасни 21 еур / деца 11 еур
Полудневна екскурзија, која има информативен карактер за туристите. Посета на споменикот на мирот, коптската црква Света Богородица и плоштадот Сохо. Земете со себе: вода, крема за сончање, капа, очила, камера, пари за бакшиш.
Во цената е вклучено: трансфер. Во цената не се вклучени: лични трошоци.

 

Целодневна екскурзија до Синајскиот манастир Света Катерина /возрасни 72 еур / деца 46 еур

Состанок рано наутро. Поаѓање до резерватот Света Катерина (околу 3 часа)
Посета на Синајскиот манастир Света Катерина, кој бил изграден во подножјето на и планината Синај во Египет од страна на императорот Јустинијан | помеѓу 527 и 565 година. Според легендата, ангелите на ова место го носеле телото на света великомаченичка Екатерина по нејзиното обезглавување. Тука Мојсеј ја видел запалената грмушка, знак од Бога и објавата дека е избран за пророк. Ова е најстариот манастир во историјата, кој никогаш не престанал да врши богослужби и е активен и денес. Прогласен е за светско наследство од страна на УНЕСКО. Ја посетуваме црквата до манастирот и продолжуваме со обиколка на базиликата, разгледување на запалената грмушка и бунарот на Мојсеј. Патуваме во градот Дахаб, каде ручаме во ресторан покрај море. Слободно време за шопинг. Поаѓање назад кон Шарм Ел Шеик.
Во цената е вклучено: превоз, услуга за туристички водич, ручек. Во цената не се вклучени: лични трошоци

 

Нуркање околу прекрасните гребени на Црвеното Море /возрасен 60 еур / деца 31 еур

Состанок наутро и поаѓање. Првата станица е нуркачки центар каде што ќе можете да ја изнајмите потребната опрема. Бродот ќе тргне од Марина Травко. За време на патувањето, ќе имате три места за нуркање меѓу прекрасните гребени на Црвеното Море. Враќање во марината и во хотелите.
Корисни информации: Националниот парк Рас Мохамед е една од најпопуларните области за нуркање во Египет. Со својата широка разновидност на морски свет, можете да очекувате интересен ден за истражување на Црвеното Море. Земете со себе: пасош, крпи за плажа, крема за сончање, капа, очила, пари за бакшиш, ЕКО такса
Во цената е вклучено: безалкохолни пијалоци на брод, ручек, трансфери, претставник на компанијата, инструктор. Во цената не се вклучени: лични трошоци.

 

Mini Jeep Safari – посета на Националниот парк Набк /возрасни 51 еур / деца 31 еур

Поаѓање од хотелите со џипови во раните попладневни часови. Поаѓање кон Националниот парк Набк. Стигнување до широк кањон, каде што пешачиме малку, потоа се враќаме на џиповите и продолжуваме до долините Хоризат и Толаихат. Се симнуваме од џиповите и поминуваме низ тесен кањон кој не води до плажите Набк и до бедуинскиот шатор. Следно е јавање на камили (околу 20 минути) по плажата. Потоа чај и лесна бедуинска вечера. Поаѓање кон хотелите. Не се препорачува за луѓе со проблеми со грбот или бремени жени.
Земете со себе: пасош, вода, удобни чевли, крема за сончање, капа, очила, пари за бакшиш.
Во цената е вклучено: влезница во националниот парк, јавање на камила, вечера со бедуини и безалкохолни пијалоци, претставник на компанијата. Во цената не се вклучени: лични трошоци.

 

ВАЖНО:

1. Минимален број на туристи: 150 лица;

2. Период на известување за неопходен минимум за реализација – 21 ден;

3. Пасошот треба да е со важност најмалку 6 месеци по датумот на враќање;

4. Туроператорот го задржува правото да направи промени во програмата и ред на летање.

Можеби ќе Ви се допадне

MALINA VILLAGE *** – Pamporovo

CHRIS – Pefkohori, Kassandra

TEODORA – Nidri, Lefkada

Hotel ILIO MARE ***** – Skala Prinou, Tasos

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel