Hotel Olymp се наоѓа на 10 минути одење до центарот на Банско и 1,9 km оддалеченост од жичарата, до која постои бесплатен трансфер со ски-бус. Отворен базен е достапен за гостите во летниот период, бежичен интернет на јавните површини. Хотелот има и спортски центар каде може да се игра фудбал и пинг-понг. До казиното, кугланата и ноќниот клуб се стигнува за 2 минути.
Содржините на објектот: ски остава, паркинг на улица, надворешен базен /сезонски/, џакузи, релакс соба, парна бања, сауна, теретана, ресторан, бар, бежичен интернет, опремена градина со скара, детско игралиште и клуб, сеф со доплата
Собите: кабелска ТВ, мини-бар, телефон
*Прилагоден за лица со попречена мобилност
Цената вклучува:
1 ноќевање за одбраната услуга, бесплатно користење на сауна, џакузи, парна бања, теретана, ски остава за сопствена опрема, интернет на јавните површини, трансфер до гондолата, туристичка такса
*За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупниот износ. Останатиот дел се доплаќа според условите за рана резервација, а најдоцна 21 ден пред поаѓање /за престој за Нова година месец дена пред поаѓање!/, кога нема попусти. Уплата се врши задолжително во денарска противвредност, по курс 1 еур = 62 ден.
*Во цените е вклучена туристичката такса.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel