Барселона - 29. април

Први Мај

Типот на програма

Авио - лет од Тирана
Трансфер од Скопје

Цена во претпродажба 599 еур

4 дена / 3 ноќевања
услуга ВВ

Spanija

Barcelona

ЦЕНА ВО ПРЕТПРОДАЖБА 599 ЕУР

РЕДОВНА ЦЕНА 669 ЕУР

Барселона (каталонски и шпански: Barcelona) — главен и најнаселен град во автономната заедница Каталонија и втор по големина град во Шпанија, со население од 1.615 908 жители во 2008 година.  

Таа се наоѓа на средоземниот брег, во устието на реките Џубрегат и Базос, а на запад се граничи со гребенот Сера де Колсерола. Основана како римски град, станала главен град на грофовите од Барселона. По спојувањето со кралството Арагон, таа станала еден од најзначајните градови во него. И покрај тоа што често пати била освојувана во историјата, денес е значаен културен центар и главна туристичка дестинација, со богато културно наследство. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер, чии дела се под заштита на УНЕСКО. Како главен град на Каталонија, во Барселона се наоѓа седиштето на каталонската влада, позната како Генералитат де Каталуња. 

 

Постојат две легенди за создавањето на Барселона. Првата легенда се заснова врз тоа дека градот бил основан од Херкул 400 години пред да се изгради Рим, а потоа бил повторно обновен од Картаѓинецот Хамилкар Барса, таткото на Ханибал, кој го нарекол Barcino по неговото семејство, во 3 – от век п.н.е. Втората легенда го поврзува основањето на градот директно со Хамилкар Барса. Околу 15 в.п.н.е, Римјаните повторно го издигнале градот како каструм (римски воен камп) чие централно место се наоѓало на „Монс Табер“, ритче блиску до денешната општинска зграда (Пласа де Сант Жом). За време на римското владеење Барселона била колонија наречена според презимето Фавентиа или целосно Колонија Фавентиа Јулиа Аугуста Пиа Барсино или Колониа Јулиа Аугуста Патерна Барсино. Мела ја спомнува како помал град во областа, веројатно поради тоа што била скриена од соседот Торако (денес Тарагона), но од подоцнежните писатели може да се види дека постепено се збогатувала и го зајакнувала своето влијание. Голема улога за нејзиното зајакнување имала добрата положба и одличното пристаниште. Градот издавал сопствени монети. 

Неколку значајни римски остатоци се изложени под Пласа дел Реи, на влезот од градскиот музеј Museu d’Història de la Ciutat и типичниот римски план е видлив во надворешниот изглед на историскиот центар, Бари Готик. Некои остатоци од римските ѕидови биле дел од Катедралата. Катедралата, исто така позната како Базилика Ла Сеу се смета дека е основана во 343 г.п.н.е. Градот бил освоен од Визготите во раниот 5- век, од Маврите во раниот 8-ми век, повторно освоен во 801 година од синот на Карло Велики, Луи, кој ја претворил Барселона во седиште на лозата Карлинги. Во 1137 година, Арагон и областа Барселона се споиле преку династичко обединување. Алфонсо II го наследил престолот во 1162 година. Неговите територии подоцна ќе бидат познати како Круната на Арагон, под чие водство биле освоени многу прекуокеански области. Во 13-от век ова кралство владеело со западниот дел на Средоземното море, од далечните територии Непал и Сицилија па се до Атина. Измамата за династичка поврзаност помеѓу Круната на Арагон и Кастиља го одбележал почетокот на падот на Барселона.

 

Барселона има 68 општински паркови, 12 се историски, 5 се тематски (ботанички) паркови, 45 се урбани паркови и 6 се шумски паркови. Само урбаните паркови покриваат 10% од градската површина а вкупната површина на парковите се зголемува годишно за околу 10 хектари. Најголем парк во Барселона е Мунжуик со површина од 203 хектари и се наоѓа на планината со исто име. По него следи паркот Ситадела (сместен на местото на старата воена тврдина во кој се сместени зградата на парламентот, зоолошката градина и неколку музеи, паркот Гуинардо, паркот Гуељ, паркот на замокот Оренета, Диагонал Марк паркот, Нуо Барис цетралниот парк, Кан Драго спортскиот парк и Поблену паркот и паркот лавиринт наречен според градинарскиот лавиринт што го има во себе.  Дел од паркот Колсерола исто така се наоѓа во градот.

 

Барселона има седум плажи со вкупна брегова површина од 4.5 km. 

Областа околу Плаза Каталуња го претставува историскиот центар на градот и заедно со горната половина на Авингуда Диагонал, ја претставува трговската област на градот. Барселона има неколку трговски комплексти како на пример Лиџа во погорниот дел на авенијата Диагонал и Диагонал Мар подолу, Ла Макиниста, Глориес на истото место и со истото име и Маремагнум кој се наоѓа на пристаништето. На крај, Барселона е многу блиску до Пиринеите, кои се оддалечени само 125 км од градот. Во секој случај воздушната линија на градот во зима е декорирана од врвот на планината Монтсени.

 

Барселона има голем број на музеи, кои покриваат различни области и периоди. Националниот музеј на уметноста на Каталонија поседува добро позната збирка на романска уметност, додека Музејот на современа уметност на Барселона се фокусира на каталонскта и шпанската уметност создадена по 1945 година. Музејот на Жоан Миро, музејот на Пикасо и задолжбината „Антони Тапиес“ поседуваат значајни збирки од овие светски докажани уметници. Неколку музеи покриваат области од историјата и археологијата како Градскиот историски музеј, исторски музеј на Каталуња, Археолошки музеј на Каталуња, Морскиот музеј на Барселона и приватниот Египетски музеј. Музејот на Еротиката на Барселона е помеѓу најчудните, додека Космокаикса е научен музеј кој ја доби наградата Европски музеј на годината во 2006 година.

 

Бари Готик е центар на стариот град на Барселона. Голем број од градбите датираат од средновековниот период, некои дури од римското населување на Барселона. Архитектурата од каталонскиот модернизам (познат под името Art Nouveau во другиот дел од Европа), се развил помеѓу 1885 и 1950 година и оставил значајно наследство во Барселона. Голем број од овие згради се прогласени за светски културни споменици. Особено значајни се делата на архитектот Антони Гауди, кои може д се видат низ целиот град. Неговото најпознато дело е огромната, но се уште незавршена црква Саграда Фамилија, која се гради уште од 1882 година и се уште е финансирана од приватни донации. Во 2007 година беше донесена одлука таа да се заврши до 2026 година. Вселенските временски кули во Подемот на Даркаи е исто така главно базиран на црквата Саграда Фамилија.

Барселона е исто така дом на павилјонот на Mies van der Rohe, дизајниран за Меѓународната изложба во Германија од 1929 година. Павилјонот е извонредна градба дизајнирана од еден од најпознатите архитекти на 20 век. Барселона го доби Златниот медал РИБА во 1999 година за нејзината архитектура, за прв пат (и од 2007 година до денес, единствен пат кога победник е град, а не самостоен архитект.)

ПРОГРАМА

 

29 април               СКОПЈЕ – Тирана – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата во Скопје во 10.00 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Барселона во 19.30 и пристигнување во 22.10 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

 

30 април             БАРСЕЛОНА

Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани… Пауза за ручек. Индивидуални активности или препорачуваме посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите во Европа. Ноќевање.

                                               

01 мај                   БАРСЕЛОНА (Фигерас и Герона)

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Фигерас, каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Музејот е сместен во неговата фамилијарна палата, а изложбата која е компилација на уметнички дела од различни периоди, ја поставил самиот маестро. Попатно на враќање, посета на убавото, живописно место Герона, кое се наоѓа на североисток на Шпанија, непосредно до француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, Kатедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичните куќички на брегот на реката Onyar… Во вечерните часови, препорачуваме фламенко, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци.  Ноќевање.

 

02 мај                   БАРСЕЛОНА – Тирана – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно, препорачуваме посета на Шпанското село кое ја обединува иприкажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Прошетката продолжува кон паркот “Гуел” – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 22.55 часот и пристигнување во 01.30 часот. Трансфер до Скопје.

 

Цена за рана уплата до 20.03:       599 евра   (37.140 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:          669 евра   (41.480 денари)

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Тирана-Барселона-Тирана

-трансфер Скопје-аеродром Тирана-Скопје

– Рачен багаж (1 торба / ранец со димензии 42х32х25см)

– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона

– Сместување во Хотел B&B Viladecans 3* на база 3 ноќевања со појадок

– Организиран разглед на Барселона според програмата

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø  Туристичка такса 600 мкд (се плаќа во агенција)

Ø  Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг, *цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање

Ø  Карти за локален превоз (метро)

Ø  Патничко – здравствено осигурување

Ø  Доплата за еднокреветна соба 10.300 мкд

 

Ø  Факултативни излети:

Посета на Фигерас и Гирона 80 евра  – задолжително пријавување и уплата во агенција

Посета на Шпанско село и Парк Гуел 65 евра  – задолжително пријавување и уплата во агенција

 

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден. Останатиот дел се доплаќа мин. 15 дена пред поаѓање.

Цените се валидни за плаќање во готово или на сметка на Арт оф Травел.

Напомена:

–          Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

–          За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

–          За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

–          Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

–          Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

–          Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

–          Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

–          Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

TULA – Stavros, Strimonikos

IONIAN VIEW – Vrahos, Ionian coast

SULTANA – Neos Marmaras, Sithonia

KOUKOUDIS – Potos – Tasos

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel