Aqua Suites Aparthotel - Nei Pori, Pieria

ЛЕТО 2021

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

50 метри

Грција

Олимпска регија>Неи Пори

AQUA Suites се наоѓаат во новиот дел на Неи Пори, на само 50 m оддалеченост од плажа. Потполно нов објект, кој што првите гости ги прими минатата сезона. Во однос на архитектонскиот изглед, се работи за модерен објект. Објектот не е во првата линија до морето, но поради тоа што пред него е тревнета површина, може да се смета како да е во прва линија. Сите студија се со поглед на море (10 со директен и 2 со бочен). Плажата, пред куќата е опремена со лежалки и чадори, а гостите истите можат да ги користат со конзумација на пијалок, beach bar, кој работи во текот на целиот ден, терени за одбојка и фудбал на плажа, Wi FI… Сите студија се комфорни, опремени со квалитетен, модерен намештај. Секој од нив поседува опремена мини кујна, бања со туш кабина, LED TV SMART 32”, телефон, сеф, клима, фен, Wi Fi, балкон со поглед кон море. Со оглед дека сопствениците на објектот имаат уште 2 хотели од висока категорија, кои успешно ги водат, сметаме дека е доволна гаранција за избор на овој објект за Вашиот одмор…

СЛИКИ И УСЛОВИ

Напомени 
  • две деца до 10 г можат да користат еден кревет/дете од 0-3 г може да престојува без сопствен кревет.
  • Користење на клима, крпи и интернет вклучено во цената
  • АГЕНЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ЈА ГАРАНТИРА БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТОТ И НЕ Е ОДГОВОРНА ВО СЛУЧАЈ НА СЛАБИОТ СИГНАЛ И СНЕМУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ГРЧКИТЕ ОПЕРАТОРИ.

Tакса за престој во приватно смесување во Грција во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот).

За валидна резервација без попуст е потребна уплата од мин 40% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 20 дена пред поаѓање.

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

Hristo – Nea Flogita, Solunska regija

Veggera Hotel **** – Santorini

OLYMPION MELATHRON 3* Platamona, Pieria

Bomo Coral Hotel ***+ – Agios Nikolaos, Crete

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel