Adonis House - Nei Pori, Pieria

ЛЕТО 2023

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

100 метри

Грција

Олимпска регија>Неи Пори

ADONIS House се наоѓа меѓу стариот и новиот дел на Неи Пори, на неполни 100 м од убавата плажа. Во понуда се 1/2, 1/3 и 1/4 студија на кат. Сите сместувачки единици имаат основно опремена чајна кујна, ТВ, тераса и клима уред чие користење се доплаќа 5 еур на ден на лице место. Промената на постелнината е на половина од смената. Во студијата нема пешкири. Има бежичен WI–FI интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Во непосредна близина има супер маркет, пекара, продавница за сувенири, слаткарница. На 100 м од објектот се наоѓа детско игралиште и луна парк.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

 

ОПИС:

1/2 СТУДИО

2 единечни или 1 француски кревет, ТВ, клима уред (со доплата 3 еур на ден), 2 наткасни покрај креветите и наткасна со огледало, шифоњер, кујна во истата просторија со садови и прибор за 2 лица, купатило со туш, бесплатна WI-FI интернет конекција и тераса со маса и 2 столици.

1/3 СТУДИО

1 француски и 1 единечен кревет или 3 единечни кревети, ТВ, клима уред (со доплата 3 еур на ден), 3 наткасни покрај креветите и наткасна со огледало, шифоњер, кујна во истата просторија со садови и прибор за 3 лица, купатило со туш, бесплатна WI-FI интернет конекција и тераса со маса и 3 столици.

1/4 СТУДИО

1 француски и 2 единечни кревети или 4 единечни кревети, ТВ, клима уред (со доплата 3 еур на ден), наткасни покрај креветите и наткасна со огледало, шифоњер, кујна во истата просторија со садови и прибор за 4 лица, купатило со туш, бесплатна WI-FI интернет конекција и тераса со маса и 4 столици.

 

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-20 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.

Можеби ќе Ви се допадне

Fafa Premium Resort 4*– Golem, Drac

OLGA House & Bungalows – Toroni, Sithonia

ERATO – Paralia, Pieria

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel