ТЕСАЛИЈА
Тесалија е регија со најголема рамница во Грција, опкружена со планинските венци Пинда, Отрис, Пилион, Оса, Олимп и Аграф. Реката Пиниос тече низ целата рамница, а на северниот дел тече покрај славниот теснец Темпи. Ја чинат општините Кардица, Лариса, Магнисиа и Трикала. Првите знаци за населеност потекнуваат од времето на неолит. Во II век ја населуваат народите од Епир, а 342 год ја завзема Филип II, 196 год. ја освојуваат Римјаните. Во средниот век е под Византија, а Османлиите ја завземаат 1393 год се до 1881 год. кога се припојува кон Грција.
Преубав полуостров Пилион се наоѓа во срцето на Грција. Планина чиви страници се “накитени” со традиционалните села и егзотични плажи. Макриница, Портарија, Загора, Милина и Цагарада се селата во кои како да застанало време – куќите се бели, елегантни, со кровови од сив камен. Егзотични плажи со камчиња, убави како драги камења, Милопотамос, Факистра и Агиос Јоанис, со кристално сина вода, се на источен дел на полуостров. На западна страна, заливска, водата е кристално чиста, мирна, а плажите се воглавно камчести.
Познати туристички места се Кала Нера, Милина, Платанијас, Хорто, Коропи, Милопотамос, Агиос Јоанис, Афисос… Планината Пилион е позната дестинација за љубителите на планинарење, велосипедизам или јавање, со патеки низ неверојатно убави пејсажи на шумите од костени и даб. Пилион го сакаат туристите, вљубеници во природа и мирен одмор без гужви на плажи.
Пилион можете да го посетите преку целата година. Најблискиот град е Волос. Преку лето ова е совршено место за мирен сон, поради свежите ноќи, во пролет и есен го посетуваат вљубениците во природата и пешачењето а на зима, во селото Агриолефкес, се наоѓа ски-центар. Секако дека од Пилион треба да отидете и на излет до Скијатос.