КОКИНО НЕРО

ЛЕТО 2025

КОКИНО НЕРО

 

Кокино Неро e туристичко место со богата флора и фауна, како и специфична клима поради единствениот спој и близината на планината и морето. Се наоѓа недалеку од кањонот Темби, во подножјето на планината Оса, на околу 140 km oд Солун. Ова е една од најстарите населби на овие простори, а името (црвена вода) го добило по термалните извори богати со минералните соли, со висок процент на железо, кое и дава специфична црвенкаста боја со лековити карактеристики, поради кои станало популарно уште во почетокот на двaесеттиот век. Ова убаво, колоритно место се наоѓа во ладот на раскошните крошни на платани, костени и јавори, испресечено со поточиња и мостчиња. Покрај прошетките, релаксацијата, сончањето и капењето, можете да се опуштите и во кадите со термална вода.  На самиот морски брег се и неколку таверни, ресторани, кафетерии, кои го чинат местото уште посимпатично, идеално за мирен одмор и уживање во недопрената природа и чистото море. Плажата во Кокино Неро е со покрупни камења, но во близина, на само 2-3 км, се уште две убави плажи Platia Ammos и Koutsoupia.

РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА

AKTIS – Kokino Nero, Tesalia

AKTIS – куќата се наоѓа во мирниот дел на местото, оддалечена 50 m од морето. Куќата е покриена со бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Секое студио има опремена кујна, ...

10%-20%

*07.03.25

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

AFRODITA – Kokino Nero, Tesalia

Afrodita се наоѓа во центарот на местото и на околу 140 метри оддалеченост од плажата. Куќата поседува опремени трокреветни студија. Сите сместувачки единици имаат чајна кујна, купатило, ТВ , ...

10%-20%

*07.03.25

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel