POSEIDON – се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200 м од центарот. Паркинг за возила сама куќа не нуди, но има на 30 м оддалеченост до хотелот Маргарита и истиот е бесплатен. Располага со трокреветно студио на трет кат и четворокреветни студија на приземје (без оградена тераса) и на втор кат со страничен поглед на море или на градина, на трет кат со страничен поглед на море или на градина и едно студио на четврти кат со директен поглед на море. Трокреветно студио има потесен дупли кревет и едно единечно легло. Четворокреветните студија имаат дупли потесен кревет за две лица и две единечни стандардни легла, или два дупли потесни легла во собите кои гледаат према градина, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима уред, чие користење е вклучено во цената и бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. За сезоната лето 2024та сите купатила ќе бидат реновирани. Само дете под 4 год може да престојува без сопствен кревет!
– Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ 1 ЕУР= 62МКД
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Сабота – Недела)
· -Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
· -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60еур по лице
· -Велес (БП Макпетрол-кружен тек) – 45еур по лице
· -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –45еур по лице
· -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
· Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 40еур по лице
· Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
· Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –50еур по лице
· Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 50еур по лице
· Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 50еур по лице
· Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
· Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel