COSTA DORADA - ЛЕТО 2024

Чартер програма од Белград

Коста Дорада


Коста Дорада или Златниот брег е областа во шпанската област Каталонија, која се протега јужно од Барселона во должина од 216 км, до сливот на реката Ебро во Средоземното море.

Името го добила по долгите песочни плажи. Заедно со Коста Брава се на второ место во Шпанија, по бројот на сместувачките капацитети, веднаш по Балеарските острови.

Каталонските планини, кои се протегаат паралелно со брегот, ја штитат областа од ладните воздушни маси, па поради тоа оваа област ја одликува пријатна медитеранска клима, подобна за престој преку целата година. Питомите пејзажи исполнети со шуми, маслиници, лозјата, питорескни градови со значајни културно-историски вредности и кристално чисто море, се причина што оваа регија годишно ја посетуваат преку 3 милиони туристи.

 

 

НИКАКО НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ДА ПОСЕТИТЕ

Барселона

 

Одмор на брегот на Коста Брава е идеална прилика да ја посетите Барселона, космополитски и модерен град. Поради својата динамичност, благата клима, блискоста на плажите, омилена е дестинација на милиони туристи.

 

* Тарагона и Реус

 

Реус е познат како родниот град на Антонио Гауди, каде што можете да го посетите музејот посветен на овој уметник. Тарагона е главниот град на истоимената провинција, еден од најважните градови на римската империја на територијата на Hispania. 

 

Валенсија

 

Валенсија е градот, кој што совршено успеал да спои модерно со традиционално. Стариот дел на градот со своите знаменитости: катедрала од XIII век, Bazilika de Virgen, Кулата Seranos, а во новиот дел на градот: железничката станица Norte, делот на градот кој е дело на светски познатиот архитект Сантиаго Калатрава. Градот на уметноста и науката, кој секако е прилика да се посети.

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel