Јордан - октомври - ноември 2023 / Акаба – Вади Рум – Петра – Мадаба – Небо – Мртво море – Аман – Џераш – Аџлун

Далечни патувања

Типот на програма

Авионска програма
Поаѓање од Софија

Цена 885 еур

8 дена / 7 ноќевања
услуга НВ

Блиски Исток

Јордан

Акаба – Вади Рум – Петра – Мадаба – Небо – Мртво море – Аман – Џераш – Аџлун

 

ТЕРМИНИ на поаѓање: 13.10.2023, 20.10.2023, 27.10.2023, 03.11.2023, 10.11.2023, 17.11.2023, 24.11.2023, 01.12.2023

Јордан е блискоисточна земjа. На север се граничи со Сирија, со Ирак на североисток, со Саудиска Арабија на исток и со Израел на запад. Вкупната должина на границата е 1619 km. Излегува на заливот Акаба и Мртво море. Должината на брегот изнесува 26 km. Јордан е уставна монархија базирана на уставот прогласен на 8. јануари, 1952 год. Административно, Јордан е поделен на 12 покраини (мухафази), со кои управуваат гувернери кои ги поставува кралот. Тие се единствена власт за сите подрачја на власта и развојните проекти во нивните области. Составен е главно од сувиот пустински дел на истокот и со повисокиот дел на западот. Долината на реката Јордан го двои Јордан од Израел. Најниската точка е Мртво море (408 м под морското ниво). Јордан се смета за дел од “колевката на човештвото”. Климата е сува и жешка, бидејќи земјата е главно пустинска. 

 

Петра  своевремено била главен град на арапското Набатејско царство, центар на трговијата, место за одмор на карваните, a развојот на градот продолжил и за време на Римското царство. Од западниот свет е откриена дури 1812 год., кога ја открил швајцарскиот пронаоѓач Johan Ludvig Burhardt. Под заштита е на УНЕСКО. Од 5. до 3. век п.н.е. градот бил важно трговско средиште, а од трите страни на светот бил неосвоив, поради тоа што е исклесан во карпите, опколен со стрмните литици и во него се влегувало низ вијугав теснец. Бил единствено место помеѓу Јордан и Централната Арабија каде не само што ја имало водата во изобилие, туку била позната и по својата бистрина. На тој начин Набатејците ја направиле Петра, важна алка во трговскиот ланец од која живеела Јужна Арабија. Како поморскиот пат кон Индија станувал се попознат, карваните се повеќе оделе на север кон Палмира и тогаш почнала да го губи значењето. Развојот на градот продолжил и во времето на Римското царство и најголемата слава ја имала во првиот век на новата ера. 105-та год. била кобна за Петра, кога Рим, под Трајанова управа, ги укинува нејзините привилегии. Сочувани се околу 800 градби, обележени со набатејските, грчко-хеленистичките и римските влијанија. Ризница – на излезот од клисурата се наоѓа најверојатно најпознатата градба на Петра, Khazne al-Firaun. Изразот “градба” и не е најсоодветен, бидејќи објектите не се градени, туку се вклесани во карпите. Бедуините ја викале “Ризница на фараоните”, но таа е само една од многубројните гробници во Петра.

 

Вади Рум, позната и како Долина на месецот, сместена во јужниот Јордан, 60 км од Акаба, во близина на границата со Саудиска Арабија, во која се наоѓаат разни пустински предели со лепезата на тесните клисури, природни лакови, вртоглави литици, клизишта и пештери. Петроглифи, натписи и археолошки остатоци пронајдени на ова подрачје сведочат за 12.000 години човечка населеност. Името Вади Рум веројатно потекнува од арапскиот збор wadi (uadi) што значи “долина” и арамејскиот корен рум, што значи “издигната” или “висока”. Највисокиот врв е Ум Дами висок 1800 метри. Особено се вредни неговите 25.000 резбарии и 20.000 натписи во стени, со што може да се прати еволуцијата на човечката мисла и раниот развој на писмото.

Цена од 885 – 970 еур по лице за пакет аранжман – во зависност од терминот!

Цената вклучува: ♦ авио билет Софија-Акаба-Софија ♦ аеродромски такси ♦ 20кг чекиран багаж и 5кг рачен ♦трансфери на дестинација ♦автобуски превоз на дестинацијата ♦ 4 ноќевања во Акаба во хотел 4* на база полупансион ♦ 2 ноќевања во Аман во хотел 4* на база полупансион ♦ 1 ноќевање во пустината Вади Рум во бедуински камп на база полупансион ♦ посета на набатејскиот град Петра ♦ џип сафари во пустината Вади Рум ♦ посета на Мадаба, Небо, разглед на Аман, Џераш, Аџлун, посета на Мртво Море ♦професионален водич ♦ сите влезници за објектите според програмата ♦ јорданска виза ♦ трошоци на организацијата на аранжманот 

ПРОГРАМА

8 дена / 7 ноќевања

Авионска програма со поаѓање од Софија (со можност за трансфер од Скопје)

 

ДЕН 1  – Софија – Акаба

Пристигнување на аеродром во Акаба, средба со претставник на локалната агенција. Сместување во хотел во Акаба. Ноќевање.

 

ДЕН 2  – Акаба 

Слободен ден за плажа и екскурзии. Појадок. Слободно време за плажа или по желба полудневна екскурзија – снорклинг, нуркање во топлите тропски  води на Црвено море

 

ДЕН 3 – Посета на Петра – Акаба

Појадок. Посета на древниот набатејски град Петра – едно од седумте светски чуда и под закрилата на УНЕСКО. Посета на градот до кој води километарски процеп низ карпите – ќе се видат неговите храмови, гробници, олтари и улици со колонади. Ноќевање во Акаба.

 

ДЕН 4 – Акаба – Вади Рум

Појадок. По појадокот се упатуваме кон јужен Јордан за да ја посетиме мистериозната пустина Вади Рум која домаќините ја нарекуваат ,,Долина на месечината“. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 5  – Мадаба – Небо – Аман 

По појадокот следува посета на Мадаба – град познат по мозаиците на Ерусалим и Светата Земја од 6ти век, прошетка до православната црква „Свети Георги“(не се влегува). Планината Небо, спомната во библијата како место каде Мојсеј ја виде  Ветената Земја. Од врвот ќе ја видите неверојатната панорамска глетка кон реката Јордан, Мртво Море и Ерусалим. Ноќевање во Аман.

 

ДЕН 6 – Аман – Џераш – Аџлун – Аман

По појадокот следува градска тура низ Аман – престолнината на Јордан. Посета на Цитаделата – археолошки остатоци од древните грчки и римски  периоди. Посета на Храмот на Херкулес и Музејот на Цитаделата со статуетките Еин Газал, изработени пред повеќе од 6500 години. Посета на Античкиот  театар. Панорамски разглед на Аман со автобус – Стариот пазар Сук, Дворецот на кралот џамијата на Абдула, со фото паузи. Потоа се упатуваме во посета на древниот римски град Џераш – улици и колонади, амфитеатри, плоштади, римски бањи, фонтани … Продолжуваме кон северен Јордан за посета на еден од најважните историски објекти на Блискиот исток – Аџлун. Замокот Ajloun (Qal’at Ar-Rabad) е прекрасен пример за исламска архитектура, изграден во 1184 г за да дејствува против напредувањето на крстоносците и како заштита на патиштата помеѓу Јордан и Сирија. Ноќевање во Аман.

 

ДЕН 7 – Аман – Мртво море – Акаба

По појадокот продолжуваме кон Мртво море, најниската точка на земјата, длабоко во долината на реката Јордан и на 55 км југоисточно од Аман. Ноќевање во Акаба

 

ДЕН 8  – Акаба – Софија

Појадок. Трансфер до аеродром Акаба. Полетување Акаба – Софија

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Цените се во евра, по лице, во стандардна соба на база појадок и вечера, со вклучени аеродромски такси. Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден.

Важна напомена: Доколку дојде до драстично зголемување на цената на горивото од денот на објавување на програмата,  истата ќе биде корегирана и со задолжителна доплата (дваесетина дена пред поаѓање).

Цената е по лице, во евра и вклучува:

·       Авио билет Софија – Акаба – Софија со вклучени аеродромски такси;

·       Рачен багаж (40/30/20 см.) и 20 кг чекиран багаж;

·       4 ноќи во Акаба на база полупансион во хотел 4* 

·       2 ноќи во Аман на база полупансион во хотел 4*

–       1 ноќевање во Вади Рум на база полупансион во бедуински камп

·       Џип сафари во Вади Рум 

·       Целодневна екскурзија до Петра;

·       Посета на Мадаба, Небо и Мртво море;

·       Градска тура во Аман, посета на Џераш и Аџлун.

·       Трансфери со комотни климатизирани автобуси за време на целата рута;

·       Водич на бугарски јазик за време на целата рута;

·       Сите влезници за посета на објекти за време на турите;

 

Цената не вклучува:

·        Екскурзија Акаба – со нуркање (снорклинг) во Црвено море – цена 64 еур;

·        Бакшиш за возачите и водичите околу 30 $ по лице;

·        Пијалоци за време на оброците;

·        Индивидуални трошоци;

  • такса за гориво /задолжителна доплата во агенција/ Се објавува 21 ден пред поаѓање *само доколку има зголемување на цената на горивото!

Во цената на пакетот не се вклучени  такси и други дополнителни трошоци кои не можат да се пресметаат пред склучувањето на договорот а постои можност да се платат како на пр. туристички такси, градски такси, такси за слетување или трансфер до или од пристаништа и аеродроми, цената на влезните билети за туристички места, музеи, бродови, фериброд, користење на јавен превоз во некои градови итн.

За мин. 15 пријавени патници постои можност за организиран трансфер од Скопје

 

Авио превозник:  European Air Charter

Од Софија во 10:00 ч. /  Слетува во Акаба во 13:00 ч. (локално време)

Од Акаба во 14:00 ч. /  Слетува во Софија в 17:00 ч. (локално време)

Авиокомпанијата го задржува правото на промена на времето на летање

 

Гранични процедури 

Влезна виза за Кралство Јордан е вклучена во цената.

Претставник на партнер агенцијата на излез од авионот ќе ги подигне пасошите, ќе ги заврши визните формалности, а потоа ќе ги насочи туристите во делот за подигање на багажот.

 

Услови за резервација:

Депозит 50% при резервација

Доплата 30 денa пред поаѓање

Ваучерите се издаваат 5 дена пред полетување

Цената е валидна за плаќање во готово или на фактура!

 

Пенали за отказ од страна на патникот:

Задолжителна наплата на банкарските трошоци без оглед на денот на откажување

30+ дена пред поаѓање се наплаќа 50 еур пенали по лице

30-22 дена пред поаѓање се наплаќа 30% пенали

Од 21 – 1 ден пред поаѓање пеналите за отказ се 100%

 

ОПИС НА ЕКСКУРЗИЈА АКАБА со нуркање (снорклинг)

Цена: 64 еур по лице

Полудневно крстарење со брод, нуркање во Црвено море и неговите мистериозни длабочини. Нуркањето во Црвено море е слично како да се спуштате во некој огромен аквариум бидејќи водата е толку чиста што дури од бродот можете да набљудувате калеидоскоп од бои на риби и корали. Трансфер до Акаба.

Цената вклучува: транспорт со автобус, билет за брод и снорклинг.

Цената не вклучува: разгледи и трошоци од индивидуален карактер.

ВАЖНИ услови за отказ

21 ден пред најавените датуми на поаѓање, соодветната програма ќе биде потврдена доколку е собран минимум патници или откажана доколку не е собран потребниот минимум. 

 

ВАЖНО

Ова патување не е препорачливо за лица со ограничена подвижност.

Потребен е валиден пасош, минимум валидност  6 месеци од датумот на напуштање на Јордан.

Агенцијата го задржува правото да направи промена на програмата

ПРОГРАМА

ДЕН-1

Софија – Акаба Пристигнување на аеродром во Акаба, средба со претставник на локалната агенција. Сместување во хотел во Акаба. Ноќевање.

ДЕН-2

Акаба – слободен ден за плажа и екскурзии. Појадок. Слободно време за плажа или по желба полудневна екскурзија – снорклинг, нуркање во топлите тропски  води на Црвено море. 

ДЕН-3

Појадок. Посета на древниот набатејски град Петра – едно од седумте светски чуда и под закрилата на УНЕСКО. Посета на градот до кој води километарски процеп низ карпите – ќе се видат неговите храмови, гробници, олтари и улици со колонади. Ноќевање во Акаба.

ДЕН-4

Појадок. По појадокот се упатуваме кон јужен Јордан за да ја посетиме мистериозната пустина Вади Рум која домаќините ја нарекуваат ,,Долина на месечината“. Вечера. Ноќевање.

ДЕН-5

Мадаба – Небо – Аман  По појадокот следува посета на Мадаба – град познат по мозаиците на Ерусалим и Светата Земја од 6ти век, прошетка до православната црква „Свети Георги“(не се влегува). Планината Небо, спомната во библијата како место каде Мојсеј ја виде  Ветената Земја. Од врвот ќе ја видите неверојатната панорамска глетка кон реката Јордан, Мртво Море и Ерусалим. Ноќевање во Аман.

ДЕН-6

По појадокот следува градска тура низ Аман – престолнината на Јордан. Посета на Цитаделата – археолошки остатоци од древните грчки и римски  периоди. Посета на Храмот на Херкулес и Музејот на Цитаделата со статуетките Еин Газал, изработени пред повеќе од 6500 години. Посета на Античкиот  театар. Панорамски разглед на Аман со автобус – Стариот пазар Сук, Дворецот на кралот џамијата на Абдула, со фото паузи. Потоа се упатуваме во посета на древниот римски град Џераш – улици и колонади, амфитеатри, плоштади, римски бањи, фонтани … Продолжуваме кон северен Јордан за посета на еден од најважните историски објекти на Блискиот исток – Аџлун. Замокот Ajloun (Qal’at Ar-Rabad) е прекрасен пример за исламска архитектура, изграден во 1184 г за да дејствува против напредувањето на крстоносците и како заштита на патиштата помеѓу Јордан и Сирија. Ноќевање во Аман.

ДЕН-7

Аман – Мртво море – Акаба По појадокот продолжуваме кон Мртво море, најниската точка на земјата, длабоко во долината на реката Јордан и на 55 км југоисточно од Аман. Ноќевање во Акаба

ДЕН-8

Акаба – Софија Појадок. Трансфер до аеродром Акаба. Полетување Акаба – Софија

Можеби ќе Ви се допадне

SENS – Nea Flogita, Solunska regija

ERATO – Paralia, Pieria

ELENI – Limenaria, Tasos

Hotel Banjica *** – Sokobanja

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel