БОДРУМ
Бодрум е елитно турско летувалиште, на граница помеѓу Средоземно и Егејско море. Градот се наоѓа на полуостров со пречник од 60 км. Омилено турско летувалиште, мека за писателите, уметниците но и туристите од цел свет. Денес брои преку 32.000 жители.
Во античка Грција бил познат како Халикарнас, а во средниот век како Петрониум. Над градот доминира тврдината Халикарнас, како единствен примерок на средновековна архитектура, а ја подигнале витезите од Родос. Некогашниот затвор денес е претворен во подводен археолошки музеј со експонати кои датираат од бронзеното доба. Во Бодрум се наоѓа и едно од седумте светски чуда на антиката, гробницата на кралот Маузол, по која и настанало името на монументалните гробници, мавзолеј. Со своите многубројни галерии и боемската атмосфера, Бодрум денес има репутација на град центар на турската уметност. Градот е познат и по богат ноќен живот, но и како јахтинг центар.