РОДОС - ЛЕТО 2024

Чартер програма од Белград

РОДОС

 

Родос (грчки: Ρόδος — најголемиот од островите на Додеканезите и во поглед на копнена површина и на население. Главен град на островот е Родос.  Островот се наоѓа североисточно од Крит, југоисточно од Атина, и веднаш зад анадолискиот брег на Турција. Островот е познат и како „Витешки остров“ според Витезите Болничари, кој некогаш владееле со островот.

Историски гледано, Родос бил познат во целиот свет поради Колосот , едно од седумте светски чуда на античкиот свет. Средновековниот стар град Родос е прогласен за светско културно наследство. Денес, островот е еден од најпопуларните туристички дестинации во Европа. 

Опфаќа територија од околу 1404 m2. Родос има околу 300 сончеви денови со просечна температура од 25 °C, во периодот од април до октомври. Препознатлив е по Колос, едно од седумте светски чуда на античкиот свет, изнимно убави плажи и  главниот град со древните археолошки наоѓалишта.

 

ГРАД РОДОС
Родос е главен град, сместен на северниот дел од островот. Градот е поделен на стариот и новиот дел. Во стариот дел се сместени хотели, кафетерии, ресторани, дискотеки, а новиот дел е познат по добар шопинг, познати брендирани бутици и убави улици за прошетка. Стариот град Родос е еден од најочуваните средновековни градови на Медитеранот. Го изградиле витезите на Св. Јован по враќање од крстоносните војни. Градот нуди голем број на хотели и плажа Ели, а на самиот шпиц од островот се наоѓа познат акваријум. Мандраки е една од трите пристаништа во градот, а е најубаво градско пристаниште.  Тука некогаш стоел големиот кип  на Колос од Родос, под чии нозе поминувале бродови, а денес на тоа место се елен и кошута како заштитен белег на островот. На молот е светилникот на Св. Никола и три стари средновековни ветерници.

КАЛИТЕА
На само 6 km од градот Родос, се наоѓа местото Калитеа со преубави ували и хотели, а во близина е селото и бањата Калитеа со изворите на термална вода. 

ФАЛИРАКИ
На 12 km од градот Родос се наоѓа местото Фалираки, со некои од најлуксузните хотелски комплекси на островот, а во центарот на местото е голем број на дискотеки и кафетерии. Плажата е песочна, долга околу 5 km, уредена со чадори и лежалки. Помеѓу Фалираки и Линдос се прочуените плажи Ladiko, Anthony Queen, Stegna, Tsampika, како и мало туристичко место Колимбија со прочуениот дрворед на еукалиптуси.

ЛИНДОС
Линдос е од градот Родос оддалечен 55 km. Над гратчето се воздигнува антички Акропол и средновековна тврдина. Карактеристично по ниските, бели куќи и тесни улички, како и две поврзани песочни плажи. Посеверно од Линдос се наоѓа песочно – камчеста плажа Kalathos долга 4 km. Јужно од Линдос се местата Пефки и Киотари со големите песочно – камчести плажи.

ИКСИЈА / ЈАЛИСОС
Иксија е туристичко место на западниот дел од островот. Карактеристично е по големиот број на хотели од висока категорија. Освен по камчестата плажа, тој дел од островот е познат по ветерот кој дува од правецот на турското копно, и е идеално за љубителите на спортови на вода. Над Иксија и градот Родос е брдото Монте Смит со остатоците од Аполоновиот храм, антички театар, стадион и преубав поглед на море и град.
Јалисос се наоѓа на неколку километри од Иксија и 12 km од градот Родос. Како и Иксија и Јалисос нуди активен одмор. На 20 km јужно од Јалисос е добро сочуван антички град Камирос, сограден на три нивоа уште во шестиот век пред нашата ера.

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel