ЈАХОРИНА

ЗИМА 2022 / 2023

ЈАХОРИНА

 

Легендата на Југославија – Јахорина. Ски-центар за носталгија, каде домаќините ве поздравуваат на секој чекор и каде гостинот се чувствува како дома во вистинска смисла на зборот. Највисокиот врв Огорелица со 1916 м/нв, со одлично уредени ски патеки (во должина од 20 км), добро поврзани со 1 гондола, 3 шестоседи, 1 двосед, 3 ски лифта и 1 baby лифт. Од сезоната 2019/2020 на располагање е новата гондола со кабините со 10 седишта. Делумно е покриена со системот за вештачко оснежување во вкупна должина од 3290 м. Просечен број на денови со снегот е преку 150, кој достигнува височина и до 3 м. 

 

Од Сараево е оддалечена само 28 км. Голем број на новоизградени хотели, кафетерии и ресторани, а пред се надалеку познато гостопримство на мештаните, се гаранција за уживање во топла, домашна атмосфера.

 

Јахорина претставува рамнотежа помеѓу квалитетно скијање, убава природа, традиционално добра забава и уникатна кујна. Патеките на Јахорина се широки, опремени со вештачки снежен систем, осветлени и погодни за сите ентузијасти во скијање, без оглед на нивното знаење за скијање. Посебна е заради своите одлични скијачки стази, кои делумно се протегаат над шумската линија, нудејќи прекрасен поглед кон околните ридови, 20 км ски стази за почетници и најпребирливите скијачи, кои можат да се тестираат на стрмни и олимписки патеки. Во секој случај, Јахорина е еден од најубавите ски-центри на Балканот и наша препорака да ја посетите!

Hotel DVA JAVORA *** – Jahorina

Hotel Dva Javora 3* Jahorina се наоѓа во непосредна близина на жичарата Огорелица I и Огорелица II, на надморска височина од 1600 м. Располага со 6 апартмани и 20 соби, сите опремени со купатило, сателитска ТВ, централно греење...

Aparthotel VUČKO 4* – Jahorina

Новоизградениот Апартхотел “VUČKO” ја продолжува традицијата на ексклузивниот хотел изграден за потребите на Олимписките игри во Сараево 1984 год. Името го добил по маскотата на XIV ЗОИ и бил наменет за ...

Hotel BOARD **** – Jahorina

Hotel Board 4* Jahorina, изграден е во планински стил, со поглед кон падините на Јахорина, на 1550 м надморска височина. Се наоѓа на главниот пат, помеѓу стазите Пољице и Огорелица, на 100 м од првата жичара...

ЗИМА 2022 / 2023

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Hotel TERMAG **** – Jahorina

Termag Hotel Jahorina е модерен хотел со 4* лоциран централно во ски центарот Јахорина, на 1550 m надморска височина, непосредно уз ски патеката и жичарата. Располага со 71 соба, 21 апартман и 1 претседателски апартман...

ЗИМА 2022 / 2023

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel