СИТОНИЈА

ЛЕТО 2024

СИТОНИЈА

 

Ситонија е вториот крак на полуостровот Халкидики, кој за многумина претставува и негов најубав дел. Ваквите епитети таа особено ги заслужува, доколку кон неа се гледа како природна реткост, чии неповторливи убавини се расфрлани низ сета нејзина површина. Живописниот рељеф, мноштвото шуми, прекрасните панорами, нејзините заливи, песочни плажи, богатите плантажи и лозјата, идиличните населени места, како и богатата флора и фауна се само дел од нејзините природни убавини. Местоположбата помеѓу двата залива: Торонеос и Сигитос, како и нејзините пристаништа, само дополнително ја истакнуваат можноста за остварување на динамичен и истражувачки престој за време на летниот одмор. Всушност независно дали сте сместени во нејзините познати летувалишта: Геракини, Метаморфозис, Каламици, Порто Куфо, ВурвуруПсакудија, Неос Мармарас, Торони, Сикиа или Сарти, таа најмалку ве остава да бидете посветени само на прекрасните плажи и синото море. Едноставно таа ве повикува постојано да ја истражувате.

Името го добила по Ситонија, синот на богот на морето Посејдон. Брдата тука се видно поизразени и е позната по прозиводство на вино и мед. Идеално место е за љубителите на природа. Се одликува со чисти плажи. Возбудливите пејсажи на овој полуостров се вистинска атракција за сите туристи, посебно за оние кои се љубители на природа. Бреговите на овој крак кријат шармантни туристички места во кои ќе го почувствувате традиционалното гостопримство, комфорно сместување и прекрасни хотели. Кој дел и да изберете од Ситониа, ќе здогледате златна песочна плажа во таинствени заливи, над кои се спушта четинарската шума. Од друга страна, ви се нуди можност за посета на некои од историските локалитети.

РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА

ЛЕТО 2024

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2024

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2024

ПОВЕЌЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel