БАД КЛАЈНКИРХАЈМ

ЗИМА 2022 / 2023

BAD KLEINKIRCHHEIM

 

Bad Kleinkirchheim е меѓу 15-те најпосетувани скијачки центри во Австрија. Сите хотели и апартмани се наоѓаат во непосредна близина на ски-лифтовите и центарот. Уживајте во пливањето во отворениот базен во двете термални бањи додека паѓа снег. Лежи на падините на планините Нокберге, во областа Спитал во регионот на Корушка. Над 103 км уредени патеки им се достапни на скијачите, вклучувајќи ја и најдолгата патека во Корушка, Кламер (4,2 км). Bad Kleinkirchheim е популарен и атрактивен туристички центар, познат по натпреварите во Светскиот куп на ФИС и особено погоден за мирен семеен одмор.

 

Исто така, овде можете да уживате во велнес третмани во термалните бањи „Свети Катрин“ и „Ромербад“ (во капалиштето Ромербад на сред на скијалиштето се наоѓа отворен базен со термална вода).
Доколку барате нешто повеќе од зимскиот одмор, Bad Kleinkirchheim е идеалната дестинација за вас.

Надморска височина: 1025-2055 m
Ски-центар: Бад Клајнкирххајм / Св. Освалд: 103 км патеки
Маршрута: Скопје – Белград – Загреб – Љубљана – тунел Караванке – Вилах – Трефен – Радентајн – Бад Клајнкирхајм
Растојание: околу 1.100 км

 

СКИ И ВЕЛНЕС
Bad Kleinkirchheim – познат центар на светската ски мапа – FIS трки, во исто време познат бањски град со две големи термални бањи – затоа мотото ОД СКИ ПАТЕКИ ВО ТЕРМАЛНИ БАЊИ е добар избор за сите категории на патници, скијачи и нескијачи. Местото не се препорачува за млади кои бараат забава и авантура покрај скијање, бидејќи ова е мирно семејно село.

 

Овој корушки ски-центар е познат по своите две термални бањи, Ремербад и Сент Катрин. Двете бањи имаат голем избор на базени, сауни и парни бањи за релаксација и опуштање после скијање или планинарење.

 

Bad Kleinkirchheim – ски-центарот е познат и по тоа што е првиот во Австрија кој го добил сертификатот за Alpine Wellness. Römerbad зафаќа повеќе од 4.000 m2 и има 13 сауни распоредени на три ката: фински, турски и инфрацрвени, масажни базени, масажи за релаксација, отворени базени со топла вода и поглед на снежните падини.

ИЗДВОЈУВАМЕ

ЗИМСКИ СЕДМИЦИ | СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ 2022/23 – АКЦИИ НА СКИЈАЛИШТЕТО

 

PARENT FRIENDLY DISCOUNT –  SKI PASS ЗА ДЕЦА САМО 1 ЕУР НА ДЕН!
6-дневна ски карта за деца до 12 години за 6 еур важи со 1 ski pass за возрасни
Важи во периодот од 7.1. – 10.3.2023.

 

SKI/WELLNESS СЕДМИЦИ
6-дневна ски карта вклучува 3 x влез во терми Romerbad
Важи во периодот од 07.01. – 03.02.2023.

*Ски картите се купуваат исклучиво директно во скијалиштето!

Повеќе на линкот  кликнете тука

ALPENLANDHOF Aparthotel *** – Bad Kleinkirchheim

Alpenlandhof се наоѓаат на една од најдобрите локации во скијалиштето Bad Klajnkirhajm, на само 200 m од жичарата Maibrunnbahn, 200 m од центарот на местото и на 100 m од новите терми St. Kathrein ...

ЗИМА 2022 / 2023

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SONNALM Hotel **** – Bad Kleinkirchheim

Hotel Sonnalm сe наоѓа oколу 300 m oд жичарата „Maibrunnbahn”, центарот на местото Бад Клајнкирххајм и термалната бања „St. Kathrein“. Хотелот нуди: ресторан, бар, лоби со каминот, библиотека, тераса, ...

ЗИМА 2022 / 2023

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

HAUS am ROEMERBAD *** – Bad Kleinkirchheim

Haus Am Roemerbad *** нуди апартманско сместување и се наоѓа во непосредна близина на познатите Termi Roemerbad и на само 100 m од гондолата Kaiserburg (одлична појдовна точка за скијање на светски ...

ЗИМА 2022 / 2023

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright Art of Travel