АФИТОС
Афитос е приморско село во источниот дел од полуостровот Касандра. Од Солун го делат околу 75 км. Градот го има зачувано своето богато културно и историско наследство. Митот вели дека во древните времиња низ него поминувале војсководците, царевите, освојувачите, а готово 3000 години во него се преплетуваат традицијата и природата.
Афитос е спомнуван во делата на Херодот, Аристотел, Ксенофон како важен во тој период со името Палини. Во времето на владеење на Персијанците, жителите на Афитос биле приморани да војуваат против своите сонародници, но по нивното повлекување, градот се споил со Атинскиот сојуз. Во 348 година п.н.е градот е уништен од Филип Втори исто како и останатите градови на Халкидики. Меѓутоа е обновен набрзо, затоа што во времето на владеењето на Антигонид во него се ковале пари. Парите од едната страна го носеле ликот на Зевс, а од другата била прикажана слика од бик.
Денес e Афитос традиционално грчко летувалиште со примеси на медитеранскиот дух. Местото е сликовито, со камени градби и калдрмести сокачиња, каде се и многубројните продавници и таверни. Изграден е на огромна карпа со импресивен поглед, кој се издолжува над долгата песочна плажа, па на многумина им наликува на остров. Морето кај Афитос е кристално бистро и ја задржува својата топлина до доцната есен.