КЕФАЛОНИЈА

ЛЕТО 2023

КЕФАЛОНИЈА

 

Кефалонија е најголемиот остров во Јонско море, кој се наоѓа јужно од Лефкада и Итака. Овој планински остров има умерена медитеранска клима со топли и суви лета и топли и влажни зими. Плажите се воглавно песочни со тиркизна боја на морето и постепен влез во водата. Обилува со ували и диви плажи што му дава посебен шарм. 

 

Островот е одлично поврзан со другите острови и копното. Главниот град е Аргостоли на западниот дел од островот. Едно од познатите туристички места на островот, Ласи е на само 3 км оддалеченост од главниот град. Во Аргостоли ќе имате можност да вкусите одличен сладолед од козјо млеко но и да видите мост Драпано кој го поврзува градот со другата страна од заливот. Со траект имате можност да го посетите Ликсури, градот кој нуди многубројни ресторани како и забавен детски парк. 

 

Кефалонија е позната по многубројни убави плажи а една од најпознатите е Миртос. Со слична убавина е и Антисамос, плажа со бела песок, зеленилото кое ја опкружува и тиркизно море. На источниот дел од островот се подземните пештери Дрогарати, кои можат да се посетат со бротчиња. Најпосетено место на Кефалонија е езерото Мелисани (по истоимена пештера) во местото Каравомилос а оддалечено само 2 км од местото Сами. Пештерата е опкружена со шумско зеленило кое на езерото му дава преубава смарагдна боја. 

 

На источниот брег од островот е селото Скала, со голем број традиционални ресторани и таверни. Во непосредна близина на Скала се плажите познати поради карета желки. Во југозападниот дел е плажата Кси која ја карактеризираат долг плиток влез но и песокта богата со глина која е одлична за кожата. Во јужниот дел е и пристаништето Порос од каде можете да се префрлите до пристаништето Килини и Пелопонез.

 

Фискардо, на северот на Кефалонија е единствено село, од вкупно 365, кое нема претрпено оштетување во катастрофалниот земјотрес кој ја погодил Кефалонија 1953-та година. Преубаво и живописно село со марина преполна со рибарски бротчиња, разнобојни куќи украсени со цветни градини е бисер на островот, кој задолжително треба да се посети. Фискардо е одлично поврзан со Лефкада и Итака. 

 

Кефалонија е планински остров, богат со црн кефалониски бор. Само тука можете да видите диви кози со златни заби, поради полиња богати со минерали. Огромните природни богатства, како и големата туристичка понуда се главните причини за се поголема посетеност последните години.

 

Сигурни сме дека ќе се вратите од Кефалонија побогати за едно ново и незаборавно искуство!

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel