ЧЕПЕЛАРЕ
Чепеларе е убаво планинско гратче, сместено во мала долина во срцето на Родопските Планини, на само 10 km од Пампорово. Ски патеките варираат по својата тежина, од црни до зелени, а најдолгата ски патека се наоѓа баш во Чепеларе. Жичарата го поврзува градот со Мечи Чал врвот, а има уште неколку помали жичари кои возат до терените. Чепеларе е помал ски резорт, па и сместувачките капацитети и ски карти се со пониска цена споредени со останатите бугарски ски центри Банско, Боровец и Пампорово.