ЦЕНИТЕ СЕ ВАЛИДНИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 09.02.2024
ЦЕНИТЕ СЕ ВАЛИДНИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 09.02.2024
Директен чартер лет Софија – Катанија
Парк-комплекс, рајска градина, поради убава, одлично одржувана градина и една од најдобрите плажи на Сицилија и вкусната храна со домашни производи
Хотел
Сместен во природен парк, на околу 25 км од Рагуза и 120 км од аеродромот Катанија, хотел Athena Resort е комплекс со 4*, со капацитет до 3500 лица. Идеален е за семејства со деца и за сите, кои што сакаат да уживаат во незаборавен одмор, полн со забава и заслужена релаксација на прекрасните плажи на Јужна Сицилија. Комплексот е на пространа површина, со многу зеленило – големи дрва, многу цвеќиња и храстови – и е вистинска парк оаза! Насекаде во комплексот се слуша пеењето на птиците и се чувствува мирисот на цвеќата и зеленилото. Професионалниот тим на аниматори се грижи за доброто расположение и забава на гостите на Athena Resort 4* од 31. мај до 30. септември, со организирање на целодневни вежби, игри и вечерни шоу програми.
Соби
Хотел Athena Resort 4*, се состои од главна зграда, каде што се наоѓаат ресторанот и лобито и малите куќички и вили. Village собите се реновирани 2017 г. и се наоѓаат сред прекрасни алеи. Тие се поголеми и комфорни. Одговараат на 4*+ . Една вила се состои од: 8 соби – 4 на приземјето со веранда и 4 на првиот кат. Сите соби се опремени со: клима, сателитска телевизија, телефон, фрижидер, фен, сеф (клучот се зема на рецепција со депозит). Собите располагаат со мала веранда или само со прозорец. Сместувањето во собите со веранда не се гарантира, а се одредува на лице место при пристигнување, според расположивоста во хотелот. Можности за сместување во Village собите: 1 взрасен / 2 возрасни / 2возрасни + 1 дете / 2 взрасни + 2 деца / 3 возрасни / 3 возрасни + 1 дете. При сместување на 4 лица во Village собите – едното легло е на кат.
Ресторани и барови
На територијата на комплексот се бар до рецепцијата, бар покрај базенот, бар на плажа, главен ресторан, ресторанот покрај базенот и ресторанот на плажа – сите можат да се користат од страна на гостите бесплатно. Една од најсилните страни и најважните карактеристики на Athena Resort 4* се внимателно приготвените јадења со разновидно мени: од највкусните домашни специјалитети до најдобрите меѓународни јадења. Храната е феноменална – секојдневно има свежо уловена риба. Менито е богато, секогаш на шведска маса и има избор помеѓу 3-4 главни јадења со месо, риба, паста, бројни салати, ладни предјадења, топли предјадења и десерти. Секогаш има многу овошје и зеленчук. Се е изнимно вкусно. Вино, вода, пиво и пијалоци од автомат не се лимитирани. Храната се приготвува од домашни, локални производи. На територијата има супер-маркет со секаква роба, како и производи за готвење и пијалоци. Во комплексот има много сопственици на вили, кои што си пазаруваат од овој супер-маркет. Ресторанот Athena е сместен во главната зграда и е со капацитетот до 600 гости. Располага со прекрасна тераса и климатизирана внатрешна сала. Се користи за појадок, ручек, вечера. Јадењата се сервираат на шведска-маса, со неограничени пијалоци – вино, пива, безалкохолни пијалоци и вода. Периодично се организираат тематски вечери. Во летните месеци (при соодветни услови) работат уште 2 ресторана. Користењето на истите е вклучено во цената, но со предрезервација, која што се прави при пристигнување и според слободни места. Grill ресторанот се наоѓа на плажа. Работи само за време на ручек. Ресторанот нуди месо на скара и салати. Работи до септември, во зависност од пополнетоста на хотелот. Ippari ресторанот се наоѓа во старата зграда на хотелот, изградена од првиот сопственик (во комплексот). Отворен е за ручек и вечера. Ресторанот нуди јадења од риба и морски специјалитети на шведска маса.
Барови
Athena Resort 4* нуди на своите гости можност да уживаат во разновидни топли и ладни пијалоци во своите 3 бара: Снек-бар во главната зграда, Снек-бар на плажа, работи од крајот на мај до крајот на септември, Снек-бар на базенот, работи од крајот на мај до крајот на септември.
Опрема и услуги
Бесплатно користење – вклучено во цената: Wi-Fi интернет во лоби-барот, дискотека, амфитеатар, 4 тревни фудбалски игралишта, по едно за тимови од 11, 7, 5 или 3 играчи, 8 тениски игралишта (ноќно осветлување со доплата), стрелање со лак, боча игралиште, игралиште за кошарка, игралиште за одбојка, мини-голф, кану, педалинки, необезбеден паркинг.
Плажа
Athena Resort 4* им нуди на своите гости пространа, фантастична, широка и долга плажа со фина златна песок. До плажа има над 1000 палми и гостите поминуваат буквално низ шума од палми до плажа. Плажата е опремена со чадори и лежалки, кои се користат бесплатно од страна на гостите на хотелот по 1 чадор и 2 лежалки по соба до исцрпување на количината, тушеви и тоалети. Има бар со доплата и ресторан – каде може да се руча бесплатно /со претходна резервација – ден однапред/. Има игралишта за различни игри – одбојка, фудбал, тенис. Плажата е сместена на 4.8 км од хотелот, каде е за гостите обезбеден бесплатен целодневен трансфер со нови, климатизирани и комфорни автобуси, на секои 10-15 минути од 9:00 до 19:00ч со пауза за ручек. Времетраење на трансферот е околу 5-7 минути. Шатл за хотелот се чека на патека покрај палмите.
Крпи за плажа и базен може да се изнајмуваат со депозит и плаќање – 20 евра депозит и 7 евра неделно, а за секоја дополнителна промена се доплаќаат дополнителни 2 евра.
Базени и забава
Комплексот има 3 базена, едниот од нив е со олимписки димензии, 4 фудбалски игралишта со трева, тениски терени, одбојка, кошарка, стрелана со лак и други. На базенот со олимписки димензии се организира дневна анимација. Работи во периодот од 21. мај до 30. септември. Базените се опремени со чадори, лежалки со бесплатно користење до исцрпување на количините. Вечерните забави се и во покриен амфитатар и до барот на рецепција. На трите места има различна музика и претстави. Преку целиот ден има различни забави и спортски активности, како гимнастика, аеробик, вежби за возрасни и за деца. Athena Resort 4* има мини-маркет со ниски цени на храна, пијалоци и друга роба, има аптека, продавници на облека, бижутерија, работи за секојдневна употреба. Крпи за плажа и за базенот можат да се изнајмат со депозит и доплата – 20 евра депозит и 7 евра доплата за недела, како и за секоја дополнителна замена се доплаќа уште 2 евра.
За деца
Athena Resort 4* располага со 2 одлично опремени детски игралишта. Од крајот на мај до крајот на септември гостите можат да користат бесплатно: мини клуб со детски базен и простории за забава, беби клуб, џуниор клуб, анимацијата е на италијански јазик.
Со доплата: приватни спортски часови, наем на велосипеди, јавање на коњи, наем на триколки, бебиситерка, перална, медицинска помош, фризер, аптека, пицерија, супермаркет, бутик, продавница за ракотворби, продавница за тутун, бижутерија, мал Wellness центар, конференциска сала, наем на автомобили. Дел од услугите се сезонски и ќе бидат отворени до средината на септември.
Други услуги: Бебешко креветче 35 евра за недела дена. Најава со резервација, се плаќа на лице место.
Општинска такса за престој: околу 2 евра по лице на ден и се плаќа на лице место
Дополнителни информации
All Inclusive Soft – вклучува појадок, ручек, вечера на шведска-маса со разновидни салати, главни јадења и десерти, точено вино, точено пиво, вода, точени безалкохолни пијалоци без лимит за време на оброците.
Чартер програма од Софија
Термини на поаѓање: 04.08.2024, 11.08.2024, 18.08.2024, 25.08.2024, 01.09.2024, 08.09.2024, 15.09.2024, 22.09.2024
Цените се за пакет аранжман на база all inclusive soft и се движат од:
Village room од 700 еур до 860 еур по лице /макс. 2 возрасни и 2 деца до 12 год или 3 возрасни и 1 дете до 3 год./
Village with balcony од 725 еур до 890 еур /макс. 2 возрасни и 2 деца до 12 год или 3 возрасни и 1 дете до 3 год./
Village with terrace од 750 еур до 920 еур /макс. 2 возрасни и 2 деца до 12 год или 3 возрасни и 1 дете до 3 год./
Во цената е вклучено:
– Авионски билет Софија – Катанија – Софија со авиокомпанија European Air Charter;
– 20 kg чекиран багаж и мал рачен багаж до 6 kg со димензии 55 x 40 x 20 cm;
– Аеродромски такси;
– 7 ноќевања на база All Inclusive Soft;
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром со климатизиран автобус;
– Чадори и лежалки на плажа;
– Чадори и лежалки околу базенот;
– Користење на тематски ресторани, по претходно барање во периодот во кој работат;
– Тематски вечери – италијански, сицилијански;
– Вечерна забава и шоу-програми презентирани од одлично подготвен меѓународен тим на аниматори;
– Дневна забава – аеробик, танцување, гимнастика, натпревари;
– Користење на фудбал, кошарка, одбојка, тениски игралишта, бочање, кану и друга забава на плажа и на територијата на комплексот;
– Мини клуб и Јуниор клуб за забава на вашите деца;
– Wi-Fi интернет во лоби барот – бесплатно;
– Погоден за семејства со деца;
– Групно патничко здравствено осигурување до 10.000 еур
– Претставник на тур-оператор за време на целиот престој.
Цената не вклучува /задолжителна доплата/:
– Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање, само доколку има зголемување на цената на горивото од денот на објавување на програмата
– Боравишна такса, околу 2 еур по лице на ден – се плаќа на рецепција
Цената не вклучува /доплата по желба/:
– Полудневна екскурзија до барокниот скапоцен камен Модика – 56 еур за возрасен и 31 еур за дете од 2-12 години;
– Целодневна екскурзија до волшебната Таормина – 76 еур за возрасен и 38 еур за дете од 2-12 години;
– Целодневна екскурзија Старогрчка Сиракуза и Величенствени Ното – 87 еур за возрасен и 43 еур за дете од 2-12 години;
– Полудневна екскурзија Катанија – Историја и шопинг во подножјето на Етна – 66 еур за возрасен и 36 еур за дете од 2-12 години;
– Полудневна екскурзија до Долината на храмовите во Агриџенто – 71 еур за возрасен и 38 еур за дете од 2-12 години;
– Пакет од 4 екскурзии (Волшебната Таормина, барокниот скапоцен камен Модика, старогрчка Сиракуза и величенствениот Ното, Катанија – Историја и шопинг во подножјето на Етна) – 268 еур за возрасен и 134 еур за дете од 2-12 години;
– Пакет од 5 екскурзии (Волшебната Таормина, барокниот скапоцен камен Модика, старогрчка Сиракуза и величествено Ното, Катанија – Историја и шопинг во подножјето на Етна, Долината на храмовите во Агриџенто) – 334 еур за возрасен и 167 еур за дете 2 -12 години;
– Пешкир за плажа со депозит од 20 евра и неделна такса за изнајмување од 7 евра;
– Доплата за All Inclusive – 90 еур по лице за целиот престој (Дополнително, All Inclusive вклучува локални алкохолни и безалкохолни пијалоци во лоби барот и во барот до големиот базен во текот на денот. Доплатата за All Inclusive НЕ вклучува конзумација на пијалоци во барот на плажа).
Ред на летање: Авиокомпанија: European Air Charter
Софија – Катанија – 15:00-16:20
Катанија – Софија – 17:45-22:00
Авиокомпанијата го задржува правото за промени во редот на летање.
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Времетраење на трансферот: околу 2 часа од Катанија
Услови за резервација:
Депозит од мин. 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка!
Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање
Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.
Услови за откажување на резервација од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:
31+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;
30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;
Под 21 ден 100% пенали.
ВАЖНО:
1. Минимален број за реализација на програмата: 120 лица. Во случај на недоволен број, организаторот е должен да ги извести патниците 20 дена пред поаѓање.
2. Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.
3. Потребен е валиден пасош со минимум 6 месеци важност од датумот на напуштање на земјата во која се патува.
5. Организаторот го задржува правото за промена на програмата.
Излети Сицилија Сезона 2024
Предрезервација и уплата на факултативните излети се препорачува. Излетите се спроведуваат на бугарски јазик за минимум 30 лица. Можно е пријавувањето и на лице место доколку има слободни места. Реализацијата на излетите не се гарантира без потребниот минимум.
Катанија – Историја и шопинг во подножјето на Етна (полудневна екскурзија)
Панорамска тура со автобус, потоа слободно време за: пешачка тура во центарот на Катанија: катедралата; фонтаната со слонот, симбол на градот; рибниот пазар; улицата Етна, главната шопинг улица на градот итн. Центарот на Катанија е во барокен стил и е под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство. Има безброј остатоци од грчко и римско време, како и бројни барокни цркви и градби. Не пропуштајте го симболот на Катанија, симболичниот споменик. Фонтана на слон, комична статуа од црна лава која прикажува насмеан слон качен на бел обелиск. Статуата се наоѓа на Пјаца дел Дуомо. Катанија е совршено место за љубителите на шопинг. Ќе можете да се нурнете по безброј продавници за сувенири.
Цената вклучува: Превоз; водич на бугарски јазик.
Цената не включва: индивидуални трошоци.
Барокни украс Модика (полудневен излет)
Напуштање на хотелот за посета на градот Модика. Модика е вклучена во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО. Градот е основан од сикулите околу VII век пр. н. е. Подоцна бил окупиран од Римјаните. 845 г. го превземаат Норманите. Во XIII и XIV век е под шпанската власт – грофовите од фамилијата Гуалтиери. Во следните векови оваа позиција ја наследуваат 6 италијански фамилии. Модика е управувана, како и останатиот дел на Сицилија, од шпанскиот крал од Палермо се до XVIII век, кога островот е управуван од Виена, а подоцна кон крајот на XVIII и во XIX век е дел од Кралството Сицилија.
Со векови наназад, Шпанците го донеле од Мексико какаовото семе. Од тогаш до сега, во Модика се чува традицијата и ритуалот за производство на чоколадо на ниска температура. Тоа е зрнесто, бидејќи какаото се обработува на не повисока температура од 50 степени и шеќерот останува цел. Но, чоколадото е со сол. Во понуда се разни видови: со овошје и полнења, со лути пиперки, со сол… Прошетка по стариот дел на градот, каде се наоѓаат двете катедрали, „Св. Георги”, во која се наоѓа дел од моштите на Свети Георги Победоносец и е образец за сицилијански барок и “Свети Петар”, каде се наоѓа ретката слика на Исус Христос во полица. Слободно време за индивидуална прошетка и можност да вкусите модиканското “Барокно кафе”.
Враќање во хотел за вечера.
Цената вклучува: Превоз; водич на бугарски јазик.
Цената не включва: индивидуални трошоци.
Старогрчка Сиракуза и Величенствениот Ното (целодневен излет)
Напуштање на хотелот наутро, по појадокот.
Сиракуза е најпозната грчка колонија на Средоземното море. Опишана од Цицерон како “најголем грчки град и најубавиот од сите”. Таа е и родното место на Архимед. Посета на историскиот центар со локален водич, островот Ортигија, под заштита на Унеско. Прошетка започнува од храмот на Аполон – најстариот дорски храм на Сицилија од 6 в. пр. хр., плоштад Архимед, плоштадот „Ил Дуомо” со прекрасната катедрала и црквата „Света Лучија”, каде се наоѓа и оригиналот на еден од големите платна на Караваџо „Погребувањето на Света Лучија”. Обиколката завршува кај изворите на Аретуза, каде ќе ја слушнете легендата за вечната љубов.
Слободно време со можност за прошетка со чамец околу островот или до морските пештери, посета на музејот на Архимед или музејот „Белломо” или прошетка по пристанишната тврдина на Сиракуза Кастело-Маниаче од 13 в.
Рано попладне продлжуваме кон Ното, прогласен за перфектен барокни град. Вистински украс на барокот, вклучен во листата на Унеско. Разглед со локален водич по централната улица, каде се од двете страни сместени црквите со манастирите, Катедралата, Палацо Николачи со најубавите барокни балкони на светот.
Слободно време со можност за посета на Палацо Николачи – имотот на богати трговци на туна.
Цената вклучува: Превоз; водич на бугарски јазик.
Цената не вклучува: Влезници за музејот „Белломо“; Влезници за Палацо Николачи; Индивидуални трошоци.
Долината на храмовите Агриџенто (полудневен излет)
Со локален водич разглд на една од главните атракции на Сицилија, која ги вклучува остатоците на седум страрогрчки храма од V век пр.н.е., посветени на боговите Хера, Зевс, Херкулес, храмот Конкордија. Долината на Храмовите е на списокот на светското културно наследство на УНЕСКО. Агриџенто е наследник на античкиот Акрагас, наречен од старогрчкиот поет Пиндар како “најубавиот град на смртниците”. Во Акрагас е роден и прочуениот грчки филозоф Емпедокле (490-430 пр.Хр.). Основан е во VI в пред Христа од доселениците од блиската колонија Џела. Некогашната величина се уште се огледа во бројните урнатини во долината и во седумтте храма, најубавите грчки остатоци надвор од Грција.
Влезница 13 евра по лице – над 18 год.
Се препорачува лесна облека, шапки и крем за заштита од сонце!
Можни се промени во цените!
Враќање во хотел.
Цената вклучува: Превоз; Локален водич; Водич на бугарски јазик.
Цената не вклучува: Влезница 13 евра по лице над 18 год.; Индивидуални трошоци.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel