САРТИ
Сарти се наоѓа на источниот брег на Ситонија со поглед кон Атос и Света Гора. Некогашно рибарско место, а денес во потполност свртено кон туризмот. Го краси три километри долга песочна плажа, полна со ресторани и барови. За оние кои сакаат да истражуваат, во близина се едни од најубавите плажи на Ситонија: Кариди, Оринџ Бич, Климатариа, Платаници, Гоа Бич, Арменистис… а препорачуваме и излети на: Света Гора, Метеори, Солун, мини крстарења до плажите до кои може да се стигне само по морски пат. Како релативно мало место, Сарти има се што е потребно за задоволување на барањата на туристите: маркети, ресторани, таверни, кафетерии, барови, продавници за сувенири и поволна географска положба за истражување на Ситонија.