Amalia ex Dora Garden House - Sarti, Sithonia

ЛЕТО 2024

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

320 метри

Грција

Халкидики>Ситонија>Сарти

20% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА СМЕНАТА ОД 30.05-09.06.2024

20% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА СМЕНАТА ОД 01.06-13.06.2024

15% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА СМЕНАТА ОД 09.06-19.06.2024

10% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА СМЕНАТА ОД 13.06-24.06.2024

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

AMALIA ex Dora garden е една од поновите и подобрите куќи во нашата понуда. Се наоѓа во стариот дел на Сарти на 320 m оддалеченост oд најубаво уредениот дел  на плажата. Особено кај овој објект се истакнува однос цена/квалитет. Студијата и апартманите се на приземје и на прв кат. Сите имаат SAT TV, клима уред, чие користење е вклучено во цената и бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Куќата има сопствен паркинг, што е реткост во стариот дел на Сарти.

1/2+2 студија се наоѓаат на приземје, има брачен кревет и кревети на кат, мал фрижидер и решо, купатило со озидана туш-када, пешкири, средно големи или големи тераси со настрешници и со поглед на двор или улица, комарници. Влезот во студијата е преку тераса.

Трокреветните студија се со помала квадратура и се наоѓаат на приземје, имаат еден брачен и еден единечен кревет, мал фрижидер и решо, купатила со озидана туш-када без завеса, пешкири, мала, средна или голема тераса со поглед на улица, двор или паркинг, комарници. Влез во студијата е преку тераса.

3+1 студио се наоѓа на приземје, има брачен кревет, единечен и фотеља на расклопување, која е потесна но со стандардна должина, мал фрижидер, решо, купатило со озидана туш-када без завеса, пешкири, комарници, мала тераса со поглед на двор и паркинг.

Четворокреветните студија се наоѓаат на приземје и прв кат, имаат брачен кревет и два единечни или два брачни или брачен и единечен со фиока со стандарден душек, мал фрижидер, решо, купатила со озидана туш-када без завеса, пешкири, мала, средна или голема тераса со поглед на улица или двор. Во студијата на приземје се влегува преку тераса.

Петткреветните студија се наоѓаат на приземје или прв кат, имаат брачен кревет, единечен и уште еден единечен со фиока со стандарден душек или два брачни и еден единечен, мал фрижидер, решо, купатила со озидана туш-када без завеса, пешкири, комарници, мала или средно голема тераса со поглед на улица или двор. Влез во студиото на приземје е преку тераса.

Шесткреветниот апартман се наоѓа на приземје, во спална соба е брачен и единечен кревет, а во кујнскиот дел уште еден брачен и единечен кревет, мал фрижидер, решо, клима уред во кујнскиот дел, купатило со озидана туш-када, пешкири, комарници, средно голема тераса со поглед на улица.

Одлична куќа која што од самата изградба ја имаме во понуда. Сместена веднаш под магистрала, одлично е позиционирана за движење по околни плажи и избегнувавње на гужвите во самото место. Солиден интернет, топла вода во секое време, одлично опремен кујнскиот простор, близина на центарот, паркинг, умерени цени… сето ова причина да е една од најбараните куќи од нашата понуда за Сарти.

ПОРАДИ ЧЕСТИТЕ ИЗМЕНИ НА ЦЕНИТЕ,

ВЕ МОЛИМЕ ЗА ИСТИТЕ ДА СЕ ИНФОРМИРАТЕ ДИРЕКТНО ВО АГЕНЦИЈА!

РАБ. ВРЕМЕ ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК ОД 10-18Ч

+389 2 3051905

ГАЛЕРИЈА

*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија дополнително!

*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден

 

За резервација без попуст потребна е уплата од 40% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.

За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација.

Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!

 

За валидна резервација се потребни следните податоци:

-име и презиме на сите патници

-датум на раѓање на децата до 12 год

-контакт телефон

-е-маил адреса (доколку ја поседувате)

– адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)

 

Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор и инструкции како да стигнете до местото, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија во 2 примероци, од кои едниот примерок го предавате на претставникот, а вториот го задржувате. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот како би ве регистрирал.

 

Такса за престој, во висина од 1,5 евро по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место пред влегување во објектот.

 

*ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 20.12.2023 НАМЕСТО ПОПУСТ МОЖНА Е ЗАМЕНА ЗА ГРАТИС ОДМОР ИЛИ ОДМОР СО 50% ПОПУСТ ОД 10. – 20. МАЈ!

За комплетна уплата со резервација, постои можност за замена на попустот за сместување во терминот од 10. – 20.05.2024, и тоа:

– за комплетна уплата со резервација за престој во термините со почеток од 20.05. – 12.06. и 28.08. – 24.09., се одобрува попуст од 50% на цената на наемот за избраното сместување

– за комплетна уплата со резервација за престој во термините со почеток од 13.06. – 27.08., се одобрува ГРАТИС сместување за соодветниот број на лица, во периодот од 10. – 20.05., во објект по избор на организаторот. Објектот се одредува 7 – 10 дена пред почетокот на патувањето.

 

-Влез во сместувачките единици е по 15ч, а напуштање до 09:30ч по локално време.

-За хигиената во сместувачките единици се грижите сами, освен ако не е наведено поинаку во описот.

-Поради зголемувањето на цените на ел. енергија, се молат гостите да не го оставаат клима уредот вклучен кога не престојуваат во просторијата. Во спротивно сопственикот на објектот има право да ја укине услугата.

-За било какво оштетување на инвентарот за време на престојот, патниците се должни да ги известат сопствениците или претставникот на дестинацијата и истото да го подмират на лице место.

-За било каков недостаток од инвентарот, расипан уред или сл. пријавувањето можете да го извршите директно на претставникот на Организаторот, чиј тел. бр. ќе го добиете со ваучерот, 5-7 дена пред поаѓање.

 

Политика на откажување на резервацијата од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Доколку сами најдете замена за уплатениот одмор, ќе Ви бидат наплатени само пенали за измена на податоци во висина од 15 еур во денарска противвредност. Во спротивно доколку целосно се откажува патувањето, пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел :

45+ дена пред поаѓање 10%

44 – 30 дена пред поаѓање 20%

29 – 20 дена пред поаѓање 30%

19 – 15 дена пред поаѓање 50%

14 – 10 дена пред поаѓање 90%

9 – 0 дена пред поаѓање или во текот на престој 100%

 

Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.

За секоја извршена промена на податок во договорот за патување се наплаќа административна такса во висина од 15 ЕУР!

 

За влез во Р. Грција пасошот треба да е со важност мин. 3 месеци од денот на враќање. Ве молиме истите да ги проверите пред уплата на резервација! Агенцијата не е одговорна за невалидни и истечени патни документи на сите наведени лица од потпишаниот договор, и нема да се смета за основ за откажување на резервацијата!

Патничко здравствено осигурување е препорачано да го имате за патување во странство. Информациите околку тип, цена и сл. можете да ги добиете директно во агенција.

Можеби ќе Ви се допадне

DJERBA GOLF Resort&Spa 4* – Djerba, Tunis

DASKALOS – Nidri, Lefkada

AKIS 2 – Sarti, Sithonia

VASILIS – Nei Pori, Pieria

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel