Zili House - Asprovalta, Strimonikos

ЛЕТО 2025

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

0 метри

Грција

Залив Стримоникос>Аспровалта

5% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

ZILI – Куќата се наоѓа на првата линија  до морето. Сместена е во мирниот дел на Аспровалта, наспроти убаво уредена плажа со бар, лежалки и чадори за сонце, на околу 600 м оддалеченост од пешачката зона. Сместена е во убаво уреден двор со скара, чие користење им е на располагање на гостите. Со оглед дека куќата поседува само две сместувачки единици, од кои во нашата понуда е простран и комплетно опремен дуплекс апартман, па затоа ја препорачуваме на поголеми семејства, особено со помали деца. Дуплексот е одлично опремен, со ел. шпорет, голем фрижидер со комора, трпезариска маса со столови, ЛЦД ТВ и уште многу детали со кои ќе се почувствувате како да сте дома. Идеална е за оние кои сакаат мирен амбиент и директен поглед кон морето.

 

СОДРЖИНА НА КУЌАТА: Двор, скара, WI-FI

СОДРЖИНА НА ДУПЛЕКСОТ: чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, гарнитура за седење на тераса, клима, купатило, LCD TV, пешкири, тераса, поглед кон морето, WI-FI

1/5 duplex apartman – во една просторија чајна кујна, во друга просторија еден дупли и еден единечен кревет, во трета просторија еден дупли креветj.

Во некои случаи можни се отстапувања од стандардните димензии на креветите.
GPS KOORDINATI: 40°43’33.6″N  23°42’44.7″E

СЛИКИ И УСЛОВИ

*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!

*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден

 

За резервација без попуст потребна е уплата од 50% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.

За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација или 50% од сумата, во зависност од висината на попустот.

Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!

 

За валидна резервација потребни се следните податоци:

–                   Име и презиме (како што е во пасошот) од сите патници

–                   Датуми на раѓање на сите патници

–                   Контакт телефон

–                   Е-маил адреса (доколку ја поседувате)

–                   Адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)

 

Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија – примерок го предавате на претставникот на дестинацијата. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот телефонски како би ве регистрирал.

 

Такса за престој, во висина од 2 еврa по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место, на претставникот или сопствениците на објектот и не подлежи на попусти!

 

НАПОМЕНИ:

• Во собите се влегува од 15:00 часот (постои можност за порано влегување, доколку е исчистено и спремно), а се напуштаат до 09:00 часот по локално време

            • По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може.

             

            Патниците влегуваат во исчистени и спремни соби. За хигиената на собите за време на престојот се грижите сами. При заминување, потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови…)

Сместувачките единици не се опремени со пешкири (освен каде што е наведено), тоалет папир и средства за хигиена. Во сите сместувачки единици промена на постелнината се врши еднаш во текот на престојот.

• Димензиите на креветите во Грција се со поинакви стандарди од нашите, единечен кревет е со широчина од 75 – 90 cm, а француски (за 2 лица) 110 – 140 cm.

• Во некои објекти третиот и четвртиот кревет може да се помошни, со димензии и изглед различен од стандардниот, може да е фотеља, софа на развлекување или класичен кревет.

• Описите на куќите се од информативен карактер.

• Дополнителни содржини во објектите каде што се наведени во текстот достапни се со доплата (нпр. сеф, сауна, паркинг, ТВ, клима…)

• Сликите од објектите, поради разновидната структура се одбрани по случаен избор и не значат дека секоја соба, купатило или кујна изгледаат исто.

• Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се третира како откажување на резервацијата.

• За промена на име на веќе потврдени резервации се наплаќа 15 еур по резервација.

• На дополнителните услуги (доплата за клима, полупансион и сл.), наведени во ценовникот, не се пресметуваат попусти.

• Во објектите каде што е нагласена можноста за користење на бежичен интернет, организаторот не го гарантира квалитетот и брзината на интернет конекцијата.

Цената е гарантирана само за уплатениот износ. Неплатениот дел подлежи на евентуални промени.

Ваучерот се добива 5-7 дена пред почетокот на патување.

Во случај кога цената е редовна (без попуст за рана уплата, специјална понуда или ласт минит понуда), за валидна резервација се смета уплата од минимум 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа минимум 30 дена пред поаѓање.

• Клиентите се должни да ги прочитаат сите овие напомени, како и Општите услови на патување и со потпис на договорот ја даваат својата согласност.

 

Сите објекти се стандардизирани од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата во која се наоѓаат.

 

За влез во Р. Грција пасошот треба да е со важност мин. 3 месеци од денот на враќање. Ве молиме истите да ги проверите пред уплата на резервација! Агенцијата не е одговорна за невалидни и истечени патни документи на сите наведени лица од потпишаниот договор, и нема да се смета за основ за откажување на резервацијата!

 

Патничко здравствено осигурување е препорачано да го имате за патување во странство. Информациите околку тип, цена и сл. можете да ги добиете директно во агенција.

             

ТРОШОЦИ ЗА ОТКАЗ ОД ПАТУВАЊЕ НА ПОТВРДЕНИ РЕЗЕРВАЦИИ:

            Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Доколку сами најдете замена за уплатениот одмор, ќе Ви бидат наплатени само пенали за измена на податоци во висина од 15 еур во денарска противвредност. Во спротивно доколку целосно се откажува патувањето, пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел :

45 ЕУР фиксен манипулативен трошок ако патувањето се откаже над 45 дена пред почетокот на патување,

20% ако патувањето се откаже од 44 до 30 дена пред почетокот на патување,

30 % ако патувањето се откаже од 29 до 20 дена пред почетокот на патување,

50 % ако патувањето се откаже од 19 до 15 дена пред почетокот на патување,

90 % ако патувањето се откаже од 14 до 10 дена пред почетокот на патување,

100 % ако патувањето се откаже од 9 до 0 дена пред почетокот на патување или во текот на патувањето

Можеби ќе Ви се допадне

ROULA – Asprovalta, Strimonikos

MITSIS GALINI Wellness&Spa ***** – Kamena Vourla, Central Greece

CHRISTINA VILLAGE – Nea Vrasna, Strimonikos

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel