Tsimpoukas House - Nea Flogita, Solunska Regija

ЛЕТО 2024

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

250 m

Грција

Солунски Залив>Неа Флогита

25% попуст за сите слободни капацитети

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Комплексот TSIMPOUKAS MAISONETTES е лоциран на извонредно мирна и тивка локација, помеѓу приватни куќи на почетокот на Неа Флогита. Оддалечена е околу 250 метри од песочната плажа. Има сопствен затворен паркинг, голем, убаво уреден тревнат двор со ѕидана скара. Во понуда се 4 мезонети за 4 лица од вкупно 8, кои се наоѓаат на приземјето. Имааат на приземјето два одвоени кревета и комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, а на катот на галерија брачен (француски) кревет. Квалитетно се уредени, во комбинација на модерен и традиционален стил, дрво и камен. Пред секоја од мезонетите има голем трем – тераса. Куќата е една од најквалитетните во понудата на нашиот пазар, која сигурно ќе ги задоволи вкусовите и на најпробирливите патници. Изградена е целосно во лето 2020 година. Интернетот и климата се вклучени во цената.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Напомени и услови:

·        ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА МЕЗОНЕТ ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без превоз, а превозот се доплаќа:

–        За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)

–         За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)

–         Деца до неполни 2 години бесплатно, без седиште

·        ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ

·        ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.

·        Во вонсезонските цени во мезонет плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;

·        Во мезонетот едозволено сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во кревет со возрасен.

·        Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

·        Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).

·        Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).

·        Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.

·        Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

·        Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 15 дена пред терминот на поаѓање.

·        Сместување во собите е по 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.

·        За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите гости. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

·        Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по мезонет.

·        Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.

·        Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во било кој објект од целата понуда.

·        Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

·        Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Можеби ќе Ви се допадне

ALIA PALACE Hotel ***** – Pefkohori, Kassandra

Hotel PERELIK ***** – Pamporovo

HARIKLIA – Stavros, Strimonikos

ASSA MARIS Hotel **** – Agios Nikolaos, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel