Olive Tree House - Parga, Jonski Breg

ЛЕТО 2023

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

800 m

Грција

Јонски Брег>Парга

СМЕНАТА ОД 14.09-24.09.2023 – 1/3 STD POGLED BAZEN – 375 €

*За плаќање со картичка попустот се намалува за 2%

Комплексот Olive Tree се наоѓа во рамниот дел на Парга, во мирно опкружување со многу зеленило. Она што го издвојува од останатите е голем базен со лежалки и чадори за сонце, голем паркинг, бар покрај базенот и медитеранска градина. Од плажата Piso Krioneri е оддалечен околу 800 m, а од плажата Krioneri околу 900 m. Располага со пространи двокреветни и трокреветни студија  кои се наоѓаат на високо приземје и прв кат. Студијата на кат имаат поглед на базен и се ценовно одделени, додека се студијата на високо приземје исто така свртени кон базенот, но поради лимонови стебла и останата вегетација погледот е лимитиран. Сите студија имаат основно опремена кујна (садови, фрижидер, решо), купатило, пространа тераса со гарнитура за седење, ТВ, сеф (10 еур за целиот престој, опционално) и клима уред чие користење се доплаќа на лице место(7 eур на ден). Замена на постелнината и пешкирите е на поливината од престојот, а на располагање е и бежичен интернет за чија брзина не можеме да гарантираме. Olive Tree има и сопствен паркинг.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-200 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.

Можеби ќе Ви се допадне

NIKOS Rooms – Nea Vrasna, Strimonikos

ELEFTERIA – Kokino Nero, Tesalia

ANTI 2 – Polihrono, Kassandra

PARALIKAS – Sarti, Sitonija

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright Art of Travel