Makryammos Bungalows заземаат простор од скоро 30 хектари шума покрај преубавата плажа, на 2 km од главниот град Лименас. Резортот го сочинуваат 40 згради и вкупно 206 соби (hillside, superior, deluxe) како и сјутови. Архитектурата на објектите е во хармонија со локален стил. Бунгаловите и другите објекти се изградени од локални природни материјали. Makryammos Bungalows се составени од главната зграда, 200 бунгалови и другите згради. Во главната зграда се наоѓа рецепција, мини маркет, поврзана е со главниот ресторан “Dioskouri” и барот “Nymphes”. „Нillside“ соби се најдалеку од морето и главната зграда, лоцирани до влезот во комплексот. Сите сместувачки единици се реновирани. Хотелот нуди и: паркинг, интернет само околу рецепција, бар на плажа, бар покрај базенот, базен, детско игралиште, ТВ сала, детски базен, тениски терен, билијар, терен за баскет, одбојка на плажа, а ла карт ресторан, спа центар. Дозволен е престој за домашни миленици до 5 кг /на барање/. Сите соби имаат: клима уред, сателитска ТВ, телефон, фрижидер, ЦД плејер, сеф, фен, интернет. „Дрес код “ е задолжителен за време на вечерата. Бебешко креветче е на барање и со доплата. Лежалките на плажа се бесплатни за сезона 2022, но има и простор каде што можете да поставите сопствен чадор.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel