Vila Magnolia – Оддалечена околу 300 m oд најблиската “Zeri” плажа, од “Galikos Molos” околу 450 m, околу 600 m од мини Aqua паркот и околу 850 m од марината. Се наоѓа на блага угорница, од каде се простира фантастичен поглед на марината и Сивота. Поседува преубав двор украсен со фонтани, цвеќе и зеленило, мал забавен парк за деца, летниковец со заедничка гарнитура за седење, скара. Апартманите се пространи, предвидени за сместување на 4 – 5 лица, опремени со кујна, купатило и тераса со гарнитура за седење. Вилата нуди и паркинг во дворот.
Такса за престој во приватно смесување во Грција, во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот).
За валидна резервација без попуст е потребна уплата од мин. 40% од вкупната сума во денарска противвредност по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel