La Casa Apartments - Polihrono, Kassandra

ЛЕТО 2026

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

30м

Грција

Халкидики>Касандра>Полихроно

22% попуст за резервации заклучно со 09.01.2026 за 50% уплата веднаш при резервација и целосна доплата заклучно со 06.02.2026
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Куќа “La Casa Apartments” е лоцирана во многу мирна уличка на само 30 метри од прекрасната плажа и 250 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца, како и за патници кои преферираат вистинско уживање. Располагаме со два апартмани и еден голем дуплекс апартман на приземје. Секој сместувачки капацитет располага со опремена кујна, ТВ и сопствени тоалети. Бежичен интернет, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман. Апартманите имаат сопствени тераси со комарници и одличен, нов мебел. Во дворчето има голема заедничка, комплетно опремена кујна со буквално сите елементи (голем шпорет, фрижидер, кујнски прибор, садови …), како и скара, достапна за гостите за седенки и опуштање. Во непосредна близина на куќата има мини маркет, кафулиња и таверни. Паркирањето може да биде на самата улица доколку има слободно место или на 300 метри има градски паркинг кој е бесплатен.

1/2+2 апартман бр. 1 – приземје. Располага со дневна соба во која има софа на пуштање со опремена кујна (голем шпорет, мал фрижидер, комплет садови за готвење и јадење), како и одвоена спална соба со брачен кревет, тоалет со туш, клима, ТВ, Wi-Fi, сопствена пространа тераса со маса и столови.

1/2+2 апартман бр. 2 – приземје. Располага со дневна соба во која има софа на пуштање со опремена кујна (голем шпорет, голем фрижидер, комплет садови за готвење и јадење), како и одвоена спална соба со брачен кревет, тоалет со туш, клима, ТВ, Wi-Fi, сопствена пространа тераса со маса и столови.

1/6+2 дуплекс апартман бр. 3 – приземје. Простран дуплекс апартман, кој воедно е најголем сместувачки капацитет во куќата. Располага со дневна соба со опремена кујна (голем шпорет, голем фрижидер, машина за миење садови и комплет садови за готвење и јадење), две спални соби, два тоалета со туш, клима, ТВ, Wi-Fi. Во една спална соба има стандарден брачен кревет, а во другата уште еден стандарден брачен кревет и софа на пуштање, додека во дневната соба има голема гарнитура на пуштање (тросед). Од сите простории се излегува на една голема заедничка тераса опремена со маса и столови.

ГАЛЕРИЈА

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни 55 евра, еден правец 45 евра
  • За деца до 12 години 45 евра, еден правец 40 евра
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • Во вонсезонските цени во дуплекс апартман плаќаат минимум 4 лица | 5-то, 6-то, 7-мо и 8-мо лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ обележани со * не подлежат на попуст и истите се непроменливи (за сопствен превоз цената не се намалува).
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со возрасен.
  • Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 15 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
  • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
  • Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
  • Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичка такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. TA НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

Превоз:

  • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж T.A. не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

Место на поаѓање:

  • Скопје – хотел ‘Russia’
  • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
  • Велес – БП Макоил
  • Неготино – БП Макпетрол Неготино
  • ГП Богородица

Можеби ќе Ви се допадне

IDI – Valona

MEDITERAN – Nea Moudania, Solunski zaliv

CRETA STAR Hotel **** – Skaleta, Krit

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel