ФУЛИС се наоѓа во мирен дел од местото, на влeзот во Полихроно, оддалечена околу 50 м од плажа. Располага со 6 апартмани, лоцирирани на прв и втор кат и со страничен поглед кон море. Максималниот капацитет на апартманите е 3 возрасни и едно дете под 12 год. Секој апартман е опремен со мини кујна, бања, балкон, ТВ, WiFi (достапно од 01. јуни), за чија брзина агенцијата не може да гарантира и клима уред, чие користење е вклучено во цената.
Апартман бр.- и бр.– – две соби, брачен и единечен во спалната и еден единечен кревет во кујната, сутерен.
Апартман бр. 1, бр. 2 и бр. 3 (сите на прв кат) – две простории, брачен и единечен кревет во спална соба и еден единечен кревет во кујната.
Апартман бр. 4, бр. 5 и бр. 6 (сите на втор кат) – две простории, брачен и единечен кревет во спална соба и еден единечен кревет во кујната.
НАПОМЕНИ:
Ø ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања
Ø Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден се плаќа во објектот
Ø Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
Ø Над дозволениот број, може, на дополнително барање (одобрување) да се смести максимум едно дете под 6 години во кревет со двајца возрасни
Ø Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот
Ø Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената
Ø Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
Ø За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин, попустот важи само на редовни цени.
Ø Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Ø Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Ø Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето
Ø Сместување во собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот
Ø Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Ø По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Ø Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
Ø Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
Ø Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
Ø Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.
Ø За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
Ø При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
Ø За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот
Ø Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.
Цена за превоз:
v Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€
v деца до 12 години 35 евра / Еден правец 30 евра.
v Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
v Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време.
v Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel