АПУЛИЈА – ЛЕТО 2026
АПУЛИЈА – ЛЕТО 2026
Комплекс, кој ќе ги задоволи дури и најпребирливите, изграден 2015 г., со обилна, разноврсна и вкусна храна, со пространи, светли соби и апартмани.
Базилика е преубава регија во близина на Јонското и Тиренското море. Овде можете да уживате во античката атмосфера на древните грчки градови – Метапонто и Поликоро, со голем број археолошки ископини. Ќе уживате во убави медитерански морски крајбрежја во комбинација со богата борова шума, дополнето со неверојатни глетки кои го одземаат здивот и кристално чистите води на Медитеранот.
Ова е регион со богата традиција, кој нуди богати и вкусни кулинарски специјалитети. Регијата е позната по своите исклучително квалитетни плодови и зеленчуци.
Danaide Resort 4* е сместен во местото Лидо ди Скацано, на 4 км од најблиското гратче Скацано Јонико, каде е и железничка станица. Оддалеченост од Бари е 130 км. Хотелот Danaide Resort 4* е резорт, кој нуди многу спортски активности и добра услуга. Нуди и дневна и вечерна забава со претстави и музика за сите возрасти. Хотелот располага со големи зелени површини и голем базен. Има и барови, ресторани, сала за состаноци, СПА центар и трговски дел (продавница, бутик и др.). Плажа Се наоѓа на 500 метри од хотелот до која се стигнува по патека низ убава борова шума. Постои и трансфер до плажа. Соби Резортот располага со 108 соби и 114 апартамни со различни можности за сместување. Постојат двокреветни и четворокреветни соби. Нудат: плазма телевизор, голем балкон, минибар, купатило со туш, поглед на базен или море, паркинг, клима, сеф, фен. Ресторан Исхраната во ресторанот е на шведска маса со локални јадења, приготвени од селектирани продукти. Хотелска понуда: игралиште, мини клуб, тениски терени, спортски турнири: тенис, фудбал,одбојка, куглање, пливање, стрелање со лак, базен од 2000 кв. метри, бебешко креветче на барање, услуги на плажа.
ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ: 23.05.2026, 30.05.2026, 06.06.2026, 13.06.2026, 20.06.2026, 29.08.2026, 05.09.2026, 12.09.2026, 19.09.2026
Директен чартер лет од Софија
*Патот до аеродромот во Софија е во Ваша сопствена режија!
Цените за пакет аранжман по лице се движат (во зависност од терминот) од:
755 еур – 815 еур по лице во стандардна соба на услуга полупансион плус
Максимален капацитет на собата е 4 возрасни или 3 возрасни + 1 дете до неполни 12 год. или 2 возрасни + 2 деца под 12 год.
Цената вклучува:
· авио билет Софија – Бари – Софија
· чекиран багаж 20 кг и 1 рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 см.
· Аеродромски такси
· 7 ноќевања, појадок и вечера, со вклучено ¼ л вино и ½ л вода
· Трансфер аеродром – хотел – аеродром
· Претставник на организаторот
Цената не вклучува – задолжителна доплата:
Слушалки за време на излетите 15 еур по лице /3 еур на ден/, деца до 6 год не плаќаат и немаат слушалки
Административна такса за локалниот партнер 5 еур по лице
Ред на летање (времињата се локални и подлежат на измени):
Софија – Бари (локално време)
Бари – Софија (локално време)
Трансфер аеродром – хотел – аеродром:
Време траење: околу 1 час и 30 минути по правец со автобус.
Услови за резервација:
Цената е валидна за целосна уплата со резервација, во готово или на фактура! За плаќање со картичка банкарска провизија во висина од 2% ја покрива уплаќачот! За делумна уплата од мин. 50% од вкупната сума и доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање сумата се зголемува за 30 еур по лице.
Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.
Услови за откажување на резервација од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:
30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;
30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;
Под 21 ден 100% пенали.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
Дополнителна целодневна екскурзија до Остуни и Полињано а Маре – 86 еур за возрасен/ 45 еур за дете до 12 год.
Дополнителна полудневна екскурзија до Матера (УНЕСКО) – 80 еур за возрасен/44 еур за дете до 12 год.
Дополнителна целодневна екскурзија до Алберобело – Локоротондо, со дегустација на домашни ликери и слатки, локално производство – 100 еур за возрасен/56 еур за дете до 12 год.
Дополнителна целодневна екскурзија до Лече и Отранто – 100 еур за возрасен/ 50 еур за дете до 12 години;
Дополнителна целодневна екскурзија до Мартина Франка – 71 еур за возрасен/ 35 еур за дете до 12 години;
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel