НЕА СКИОНИ
Неа Скиони е идеално место за мирен одмор, опкружен со прекрасна природа покрај исто толку убавото крајбрежје. Неа Скиони се наоѓа на западниот брег на полуостровот, во близина на термалните извори на Аја Параскеви. Местото располага со бројни сместувачки капацитети. Покрај туризмот, жителите на оваа симпатична крајбрежна населба живеат и од риболов, а штом рибарските чамци ќе пристигнат на зајдисонце, во нејзините таверни можете да вечерате одлично подготвена свежа риба и морска храна. Прекрасните зајдисонца се уште една причина плус за сите романтични души. Селото Неа Скиони располага со сите потребни содржини, како што се маркети, аптеки, продавници за сувенири и друго. Песочната плажа е долга и сигурно ќе уживате во прошетка по крајбрежјето. Друга омилена активност во Неа Скиони е прошетката во блиските шуми. Селото е добро поврзано со остатокот од полуостровот Касандра, но најубавиот начин да се стигне до него е од правецот на Ханиоти, кој ве води преку планината. На два километри од Неа Скиони, во областа Антички Скиони, можете да ја посетите црквата посветена на Богородица со исклучителната колекција на фрески од 16ти век.