ПЛАТАНИАС
Платаниас e мало, приморско село, сместено во јужниот дел на Пилион, 65 km југоисточно од Волос. Колоритно рибарско село, со пристаниште и мала марина, многубројни кафеани и кафетерии, продавници. Преубаво уредено мало место, познато по свежа риба и морски плодови, привлечно за туристите во текот на целата година.
Од плажата во Платаниас можете да уживате во величенственото изгрејсонце, но и во прекрасниот поглед на Скијатос. Најблиската плажа е Микро, долга плажа со изнимна убавина, во западниот дел на местото, на само 10 – 15 минути пеш. Пристапот е можен и од морската страна. Останати плажи се наоѓаат во источниот дел на местото: Вамвакија, Фтелија, Родакија, Кастри, Лепетус, Палиуракија, Вромонери, Влахорема, Теотокос, Лири и Муртиас. На западната страна се плажите Калоидис, Панајоти, Крифолимнионас и Хондри Амос.