COSTA DORADA
Коста Дорада или Златниот брег е областа во шпанската област Каталонија, која се протега јужно од Барселона во должина од 216 км, до сливот на реката Ебро во Средоземното море.
Името го добила по долгите песочни плажи. Заедно со Коста Брава се на второ место во Шпанија, по бројот на сместувачките капацитети, веднаш по Балеарските острови.
Каталонските планини, кои се протегаат паралелно со брегот, ја штитат областа од ладните воздушни маси, па поради тоа оваа област ја одликува пријатна медитеранска клима, подобна за престој преку целата година. Питомите пејзажи исполнети со шуми, маслиници, лозјата, питорескни градови со значајни културно-историски вредности и кристално чисто море, се причина што оваа регија годишно ја посетуваат преку 3 милиони туристи.