МИЛИНА
Милина се наоѓа на југот на полуостровот, околу 49 km од Волос и 7 km од Лефкос. Ова е мало, рибарско село, каде што можете убаво да се одморите, далеку од градската врева. Во заливот Пагаситик, пред Милина се две мали острови: Алатас и Прасудас. Тиркизното сино море, чистата вода, преубавите ували и зелените маслиници, секоја година привлекуваат се поголем број туристи.
Плажите во Милина се воглавно песочни. До некои скриени ували пристапот е само со чамец. Во областа има доста ненаселени островчиња, пештери. пусти песочни плажи. Долж градската плажа се наредени таверни и кафетерии. Ноќен живот во Милина е богат, а постои дури и диско клуб. Местото е полно со кафетерии, барови, ресторани, рибни ресторани, а преку лето се одржуваат и многубројни фестивали.