Diamond 4 House - Nikiti, Sithonia

ЛЕТО 2026

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

400 m

Грција

Халкидики>Ситонија>Никити

10% ПОПУСТ за резервации до 30.04.2026
(минимум уплата од 30% и доплата до 29.05.2026)
Цените со * се цени по лице ( ЗА ОВИЕ ЦЕНИ НЕ ВАЖИ ПОПУСТОТ ЗА РАН БУКИНГ )
Во аражманот плаќаат две лица по цена од пакетот по лице!
Трето и четврто лице добиваат бесплатен превоз и сместување!
Останатите лица доплаќаат повратни билети само.
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

DIAMOND 4 се наоѓа во мирен дел, на почеток од градчето Никити, на 400 метри оддалеченост од плажа. Објектот располага со четири 1/4 апартмани, со можност за достава на уште едно дополнително легло. Апартманите се опремени со кујна и кујнски прибор, фрижидери и шпорет. Клима (вклучена во цена), Wifi, тоалет, пешкири, сопствен паркинг. Истата е лоцирана во мирен и тивок дел на почеток на местото. Три апартмани се наоѓаат на прв кат и еден на приземје и истите располагаат со две простории. Има брачен кревет во спалната соба и во другата просторија поврзана со кујна се наоѓаат 2 единечни кревети со можност за достава на уште едно дополнително легло. Може да се сместат максимум 4 возрасни и едно дете до 12 години.

 

ТУРИСТИЧКА ТАКСА 2 ЕУР ПО АПП СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА, СО РЕЗЕРВАЦИЈА

ГАЛЕРИЈА

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа со резервација.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 20 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Преземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот – локално време.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Можеби ќе Ви се допадне

STAR PARADISE – Neos Marmaras, Sithonia

Hotel PRIMAVERA 3*– Valona

KASSANDRA PALACE Hotel ***** – Kriopigi, Kassandra

ILIOTROPIO – Edipsos, Evia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel