Hotel Jenny ***- Siviri, Kassandra

ЛЕТО 2022

УСЛУГА

HB

Оддалеченост од плажа

150 метри

Грција

Халкидики>Касандра>Хотели

Хотелот JENNY е лоциран на 150 метри од песочната плажа, во центарот на Сивири. Хотелот располага со 37 соби, 1/2 со брачен кревет, 1/3 со брачен кревет + нормално легло и  1/4 со еден брачен кревет и 2 нормални легла. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Во склоп на хотелот има и базен со лежалки, кој е бесплатен за користење од страна на гостите, а има и бар покрај базенот.

*НВ (Half Board / Полупансион): Појадок 08:00-10:00ч. на база шведска масa / Вечера 19:30-21:30ч. на база шведска маса

СЛИКИ И УСЛОВИ

НАПОМЕНИ:

* Цените  се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН  за број на ноќевања дадени во табелата

* Прво и второ дете до 13,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО

* Прво и второ дете од 14 до 15,99 г. со двајца возрасни на редовно легло плаќаат по 30 % од цената во табелата

* Трет и четврт возрасен над 16 години, плаќаат по 50% од цената во табелата.

* BABY COT – Бесплатно, со тоа што клиентите треба да носат протектор за душекот. Во спротивно протекторот од хотелот ќе им биде изнајмен 20 еур. за целиот престој.

* Туристичката такса е 1.5 еур на ден по соба и се плаќа на рецепција.

* Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот

* Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот

* Сместувањето во собите е по 14:00 часот по локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот по локално време.

* Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.

 

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.

* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.

 

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот.

 

ПРЕВОЗ:

* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.

* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,

* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 40 € возрасни

* 30 € деца од 2 – 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

Можеби ќе Ви се допадне

TASOS – Neos Marmaras, Sithonia

LIMONA – Parga, Jonski Breg

VINCCI HELIOS Beach&Spa 4* – Djerba, Tunis

Hotel BIANCA RESORT & SPA 4*, Kolašin

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright Art of Travel